ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Куманово почнаа обуките за невработени лица, корисници на гарантирана минимална помош

December 24, 2020 16:15
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Невработените кумановци, корисници на гарантирана минимална помош, покажеле значителен интерес за обуката за побарувани занимања, соопштија денеска надлежните од Центарот за вработување во Куманово.

Почнаа теоретските предавања на избрани спроведувачи на обуки за фризер, службеник за книговодство и негувател на стари и немоќни лица, за кои се пријавиле 41 невработено лице, а со обуки почнале 23 лица.Обуки за побарувани занимања е една од мерките за активација на пазарот на трудот на корисниците на гарантирана минимална помош кои сакаат да станат поконкурентни на пазарот на труд.

-Огласот за спроведувачи на обука од страна на ИПА проектот беше објавен преку Центарот за образование на возрасни. Спроведувачи на обуки на подрачјето на Куманово се техничкото училиште „Наце Буѓони“ за негувател на стари и немоќни лица, за службеник во книговодство е образовниот центар „Визија“ и за фризер е приватната фирма „Славе пром“ односно фризерското студио“ Нате“. Обуките почнаа од 10 декември, а во тек е теоретскиот дел во кој се вклучени 23 лица од редот на корисниците на гарантирана минимална помош, изјави раководителката на Центарот Марија Димитријевска.

Таа додава дека има голем интерес за оваа мерка и оти се пријавиле 41 лице. Некои се откажале од објективни лични причини, но има и обуки како оние за негувател на стари и немоќни лица каде поради пандемијата, е ограничен бројот на десет лица во група или за обуките за книговодител и фризер каде бројот е ограничен на девет лица.Надлежните ги повикаа рабодавачите да ги користат мерките за обука што секоја година се предвидени во Оперативниот план на Агенцијата за вработување.

-Има обуки за познат работодавец, за стручни квалификации за потребите на работодавците и обука за побарувани занимања каде и работодавците од приватниот сектор може да се јават како верификувани спроведувачи на обука. Сè што е потребно е да изготват програма која преку Центарот за образование на возрасни ќе се верификува и на тој начин работодавците преку обуките што ќе ги спроведуваат во конкретните работни услови и работна средина, ќе се стекнат со квалификувана работна сила која ќе одговори на нивните барања, изјави Димитријевска.Обуката трае три месеци. Првите два месеца е теоретскиот, а третиот е практичниот дел, односно секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци.

Од Центарот за вработување апелираат до невработените лица активно да се вклучат во процесот на барање работа преку мерките што се наменети за корисниците на гарантирана минимална помош. Дел од обуките ќе продолжат и наредната година, посочуваат надлежните, потенцирајќи дека невработените лица нема да го изгубат правото на гарантирана минимална помош додека посетуваат обука.

 

/МИА/
Next Post

Пуштена во употреба велосипедската патека на улицата „Никола Парапунов“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk