ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кој добива а кој губи со декриминализација и широко користење на канабисот?

December 26, 2020 09:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Шуќур, конечно дојде и тоа време, жива е дебатата за декриминализација и легализација на канабисот, не само во медицински цели. Би сакал, драги мои, да предочам неколку битни, а и неколку прилично запоставени аргументи, околу тоа кој добива, а кој губи од декриминализацијата и пошироката употреба на канабисот:

– Во сите земји каде што канабисот е легализиран за поширока употреба, забележан е голем пад на криминалот, во неколку ставки, не само во нелегалната трговија со канабис. Паѓа бројката на кражби и обивања, улично насилство, семејно насилство итн. Добива целото општество.

– Во сите овие земји, исто така, е забележана намалена употреба на тешки нелегални дроги, како што се хероинот и кокаинот, па и на вештачките „дроги за забава“. Психологијата „подобро легално отколку нелегално со тешки последици“, донесува до намалување на зависностите, од што добиваат не само зависниците и нивните семејства, туку целото општество.

– Во сите овие земји, забележано е и намалување на (зло)употреба на други штетни а легални супстанци, како потешките алкохоли, цигарите, па дури и на апчињата за смирување, за чие користење неодамна имавме разочарувачки истражувања во нашата земја. Со намалување на сите овие зависности, ќе добијат многу семејства, и целото општество.

– На ова само ќе ги надоврзам познатите аргументи за развој на туризмот, земјоделието, нови работни места, но и тоа за што ретко се зборува – употребата во кондиторската индустрија (разни чоколади, колачи, бомбони, газирани и негазирани напитоци), во козметичката индустрија, во градежништвото (верувале или не), во текстилната индустрија итн.

Да не зборуваме за приносите за државниот буџет, кои може да се испланираат да одат соодветно во гранки, во кои ни треба очајно развој. Со канабисот се отвора нов потенцијал за развој – за целото општество.

А кој губи од декриминализацијата и легализацијата на канабисот?

Ако го прочитавте напишаното погоре, лесно ќе откриете кој. Не е тешко да се детектира и од каде доаѓа „оганот“ кон легализацијата, и кој се чувствува загрозен. Мафијата, црниот пазар и сивата економија, дилерите, па дури и некои индустрии…

Затоа, можеби и не треба да „зачудува“ однесувањето на левата и десната рака на мвро-вмро. Да не заборавиме, едните го почнаа проектот на легализацијата, а сега се против. Другите, им стои дури и во програма легализација, ама се против.

А зошто се против и левото и десното крило на „Организацијата“? Велат, бидејќи било за личен ќар на Заеви, имале монопол врз пазарот со канабис. Иако, колку што разбравме, од 60 фирми кои се во бизнисот со медицински канабис, Заеви поседуваат само една, и тоа не е меѓу најјаките. Јакиот монопол.

Туку, да ги оставиме фејкњузериве на страна. Се прашувате уште, што вели Младиќот за декриминализацијата и легализацијата? Од мене и од Кристалната топка имате едно големо ДА, и за двете, и за сите можни начини на употреби!

A кога ќе се отвори првиот кофи – шоп и ќе треба реге свирка, just whistle


Текстот е личен став на авторот

Next Post

СДСМ: Мицкоски е едиствен кој останува на браникот на криминалот и насилството, затоа губи шест пати на избори, толку може

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk