Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод новогодишните празници ги посети децата на Посебното основно училиште „Иднина“ во Општина Чаир и децата од градинката „Фидани“.
По овој повод, Груби им подели пакети со подароци на децата, посакувајќи им здравје и да станат успешни за себе, но и за целото општество, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер.
За време на средбата со раководителите на овие образовни институции, Груби со нив разговараше за активностите и начинот на функционирање во овој тежок период предизвикан од пандемијата што ја погоди не само нашата земја, туку и целиот свет.