Премиерот Заев изрази сочувство за жртвите и силна поддршка до хрватскиот Премиер и граѓаните, по силниот земјотрес што ја погоди Хрватска.
„Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пленковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите.“, напиша премиерот Заев на Твитер.
Упатувам силна поддршка за премиерот @AndrejPlenkovic и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. ???? Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) December 29, 2020