Премиерот Заев на Фејсбук објави дека на денешната седница на Владата, донесена е одлука за финансиска помош од шест милиони денари за Хрватска, после силниот земјотрес во Петриње.
„Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриње. Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите.“, објави Заев.