Денеска на гробиштата во Петриња беше погребано девојчето Лаура (13), најмладата жртва на разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска во вторникот. Нејзиниот очув Дарко Чулиг раскажа за Индекс каква била Лаура.
„Сакам луѓето да знаат колку посебно девојче е. Беше весела и повеќе од се сакаше песна и танц, беше толку дарежлива, имаше толку големо срце. На 22 декември наполни 13 години и доби пари од нејзините баба и дедо. Сите пари ги потроши купувајќи ни на сите Божиќни подароци. Таа беше неверојатна. “,рече Чулиг.
Таа беше со татко и на празниците од 26-ти декември и требаше денеска да се врати дома, а наместо тоа, се збогуваме со неа, рече очувот на Лаура.