ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Светот ја дочека Новата 2021 година, Филипче и младите колеги дежурни за новогодишната ноќ, Заев најави нови пакети економски мерки

January 1, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

После можеби најчудната година во нашите животи, светот ја дочека Новата 2021 година, надевајќи се дека ќе донесе чувство на нормалност во спротивно на претходната.

Граѓаните на Вухан, Кина кој важи за  епицентар на коронавирусот во светот, масовно излегоа на улиците вечерва да ја испратат старата и дочекаат Новата година. Голем дел од статокот на светот остана во своите домови за време на дочекот. Mногумина од тамошните граѓани не носат заштитни маски, а за физичка дистанца не може ни да се помисли.

Филипче и младите колеги дежурни на новогодишната ноќ, оперираа пациент со тумор на мозок. Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Очекувањата се дека кризата ќе опстојува најмалку до првиот квартал од 2021 година, а премиерот Зоран Заев најави нови пакети мерки. Нови пакет мерки ќе има, кризата ќе опстојува најмалку до првиот квартал. Нашите очекувања се дека првото полугодие од следната година ќе биде и излез од оваа криза генерално и затоа е важно да се дискутира. Владата ќе развие нови пакети врз основа на социјален дијалог во кој се вклучени и компаниите и работниците преку синдикатите. До сега имаме разбирање, за одредени случаи и ние нудиме административна помош сé со цел компаниите да ги искористат средствата за плати за работници и работни места, вели премиерот Зоран Заев.

Од денеска стартува прочистувањето на правосудството, што како приоритет Владата го стави на прво место меѓу 10-те за 2021 година. Прочистувањето ќе се прави врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите, како што предвидува Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја. Ова заедно со новите правилници за оценување треба да обезбеди ефикасно судство и јавно обвинителство што ќе ја врати довербата во правната држава.

Државава влезе во Новата година со 19 379 активни случаи со Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 536 од направени 1662 тестирања, 15 починати, 741 оздравен пациент.

Во македонската пропаганда, која добива гебелсовски обем од време на време, се стига до апсурдни тврдења како сме ги сопреле со вето, па се до грозни цинични изјави од офцијални претставници. Оваа анти-бугарска кампања треба да престане и Бугарија е жртва во овој случај. Не сакаме ние да сме жртва. Не сакаме да го пренесуваме овој апсурден и измислен конфликт на бугарска територија. Ми се чини дека тоа што ние го зборуваме на официјално ниво, дека се плашиме од некакво македонско малцинство во Бугарија, е неодржливо, вели историчарот Пламен Павлов. Тој смета дека земјата има бугарско малцинство во Македонија.

Министерството за образование и наука денеска информираше дека на учениците и студентите кои имаат право на стипендија веќе им се исплатени три месечни износи кои им следуваа за 2020 година. Оттаму најавуваат дека редовната динамика на исплата на стипендиите ќе продолжи и во иднина и оти унапредувањето на ученичкиот и студенскиот стандард ќе остане еден од приоритетите во новата година.

Сто и педесет милијарди долари е сумата што ги чинеше осигурителните компании за десетте најскапи временски непогоди ширум светот оваа година со што е надмината цифрата од  2019 година. Тоа е резултат на долгорочното влијание на глобалното затоплување. Во тие 10 катастрофи загинаа најмалку 3.500 луѓе и раселија повеќе од 13,5 милиони луѓе. Во оваа 2020 година светот го погодија пожари што останаа долго надвор од контрола на Австралија во јануари, па се до рекордниот број урагани над Атлантикот до ноември. Сумата е многу поголема бидејќи голем дел од загубите не беа осигурани.

Првиот случај на новиот вид на коронавирус идентификуван во Јужна Африка е откриен во Франција, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

 

М.М.
Next Post

Филипче: Во 2021 година да имаме само убави вести како веста дека по полноќ се родиле две машки здрави бебиња

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk