Ова е изборот од нови ТВ серии со најдобар резултат од критичарите кои дебитираат во САД помеѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година. Емисиите се рангирани според рангот на критиката од Metascore.
Central Park (Apple TV+) 9 епизоди
(#20) Најновата анимирана серија од креаторот на Bob’s Burgers, Лорен Бушард, е комедија исполнета со музика. Серијата следи семејство што живее во Њујорк. Kristen Bell, Josh Gad (ко-креатор на серијата), Leslie Odom Jr., Kathryn Hahn, Tituss Burgess, Daveed Diggs, and Stanley Tucci ги „позајмуваат“ гласовите. Apple TV веќе ја подготвува втора сезона, иако без Kristen Bell.
Cheer (Netflix) 6 епизоди
(#19) Продуцентите на Last Chance U се вратија во Нетфликс на почетокот на 2020 година со слична документарна серија, овојпат се фокусираа на светот на конкурентско навивање (cheerleading). Критичарите ја обожаваа серијата, но неодамнешниот скандал во кој учествуваше една од sвездите на шоуто, Jerry Harris, може да ја расипи препораката.
The Plot Against America (HBO) 6 епизоди
(#18) Како Years and Years од 2019 година, и ова е уште една минисерија на HBO што се занимава со „што би било кога би било“, но оваа серија не се занимава со настани во иднината, туку со поблиското минато. Најновиот проект на David Simon за HBO е адаптација на шест дела од романот на Philip Roth’s од 2004 година, што ни претставува замисена алтернативна американска историја во која Чарлс Линдберг е избран за претседател во 1940 година, водејќи ја САД на пат кон фашизмот.
I’ll Be Gone in the Dark (HBO) 6 епизоди
(#17) I’ll Be Gone in the Dark е нова документарна серија во шест дела, базирана на истоимената книга, која ја истражува истрагата на писателката Мишел Мекнамара за мрачниот свет на насилниот предатор, кого го нарече „Убиец од Голден Стејт“. Серијата е во режија на Лиз Гарбус номинирана за Оскар и добитничка на ЕМИ награда за режија.
Normal People (Hulu) 12 епизоди
(#16) Направена според романот бестселер од Сали Руни, Normal People е извонредна, модерна љубовна приказна за тоа како една личност може неочекувано да го промени животот на друга личност и за тоа колку може да биде комплицирана блискоста. Серијата ги следи Маријана и Конел во текот на неколку години, додека тие започнуваат љубовна романса која започнува на училиште и продолжува низ колеџ, и двајцата ја тестираат својата врска додека истражуваат различни верзии за себе.
The Midnight Gospel (Netflix) 8 епизоди
(#15) Најновата анимирана хумористична серија на Нетфликс за возрасни е соработка помеѓу комичарот Данкан Трусел и Пендлтон Вард. Серија е приказна за поткастер, кој интервјуира суштества што живеат во свет што умира во мултиверзумот.
Feel Good (Netflix) 6 епизоди
(#14) Меј Мартин се глуми себеси, како канадска комичарка која живее во Лондон и е во врска со нејзината нова девојка Џорџина.
The Good Lord Bird (Showtime) 7 епизоди
(#13) Во главната улога и извршњн продукцент е номинираниот за Оскар Итан Хоук, кој го толкува контроверзниот аболиционист Џон Браун. Серијата со седум епизоди е од телевизијата Блумхаус и се базира на романот „The Good Lord Bird“, од авторот на бестселери Џејмс МекБрајд. Главните улоги ги толкуваат Итан Хоук и Џошуа Калеб Џонсон.
Little America (Apple TV+) 8 епизоди
(#12) Серијата нуди осум получасовни смешни, романтични, искрени и изненадувачки приказни кои го прикажуваат имигрантското искуство во денешна Америка, инспирирани од вистинските приказни објавени во истоимената колумна во „Epic Magazine“.
I Hate Suzie (HBO Max) 8 епизоди
(#11) Сузи Пиклс, e „ѕвезда“ во опаѓање. Кога и е хакнат телефонот и е изложен целиот нејзин живот, заедно со крајно компромитирачка фотографија, работите почнуваат да добиваат поинаков тек. Ова екстремно искрено шоу ги следи различните фази на траумата на Сузи од епизода пво епизода, преку Шок, Демант, Страв, Срамота, Договарање, Вина, Гнев и прифаќање додека Сузи и нејзиниот најдобар пријател и менаџер Наоми се обидуваат да го одржат животот, кариерата и заедничкиот брак, пред таа да биде изложена и прикажана на она што таа навистина е.
Immigration Nation (Netflix) 6 епизоди
(#10) Оваа документарна серија нуди уникатен и нијансиран преглед на тековните борби во расипаниот имиграциски систем во Америка. Серијата се снима две години, а за таа цел екипата е две години заедно со државната единица за емиграција и царинско извршување на САД. Ова е можеби најсериозната серија на Нетфликс за оваа година.
Unorthodox (Netflix) 4 епизоди
(#9) Во потрага по лична сапопотврда, една млада жена еврејка ја напушта својата ултраортодоксна еврејска заедница во Њујорк за да започне нов живот во Берлин. Но, како што таа почнува да го наоѓа својот пат, и минатото почнува да ја стигнува.
P-Valley (Starz) 8 епизоди
(#8) Серијата точно знае што сака да биде – да биде секси, брза драма која се стреми кон дестигматизација на светот на стриптизот и разбивањето на заблудите. Успева!
I May Destroy You (HBO) 12 епизоди
(#7) Бестрашна, искрена и провокативна серија од 12 получасовни епизоди, која го истражува прашањето за сексуална согласност и каде, во новите познанства и врски, лежи разликата помеѓу ослободување и експлоатација. Сместено е во Лондон, каде задоволството е на дофат само на една (мобилна) апликација, Приказната е насочена кон Арабела (Коел), безгрижен, самоуверен Лондонец со одлични пријатели, дечко во Италија и кариера на писател.
Mrs. America (HBO & Hulu) 9 епизоди
(#6) Оваа серија во девет епизоди, става акцент на кампањата ’70-тите години од минатиот век за ратификување на Амандманот за еднакви права, Кејт Бланшет ја игра Филис Шлафли, конзервативната активистка (или Гафли, како што беше често опишана во печатот), која се спротивстави на движењето за еднакви права на жените. Но, таа е само една од ѕвездената група актери во која се и Роуз Брн, Сара Полсон, Елизабет Бенкс, Узо Адуба, Марго Мартиндајл, Џејмс Марсден, Ари Грајнор, Џон Слетери, Мелани Лински, Трејси Улман и Ниси Неш.
The Baby-Sitters Club (Netflix) 10 епизоди
(#5) Денес е реткост да се гледа серија што едноставно може да ја препорачаме секому, без оглед на полот и возраста, туку да речеме дека – секој треба да ја гледа. Младите жени заслужуваат да бидат сфатени сериозно, тоа оваа серија го прикажува. не е ни чудно што сценариото од овааа серија ги иам најдобрите оценки за 2020 година.
Lenox Hill (Netflix) 9 епизоди
(#4) Оваа одлично изработена документарна серија на Нетфликс со осум епизоди, следи четворица лекари во престижната болница Ленокс Хил во Њујорк додека се обидуваат да ги балансираат личните со професионалните животи. Дополнителна епизода беше додадена на серијата во текот на летото, хронизирајќи го работниот живот на лекарите во раните денови на епидемијата на Ковид-19.
Visible: Out on Television (Apple TV+) 5 епизоди
(#3) Овој документарен серијал ни ја доловува историјата на прикажување на ЛГБТИ луѓето во серијата (и вистински луѓе, во случај на новинарски и реални програми) содржи интервјуа со Лена Вајт, Нил Патрик Харис, Тим Ган, Маргарет Чо, Џенет Мок, Елен Деџенерис и многу други.
The Last Dance (ESPN) 10 епизоди
(#2) „Последниот танц“ е документарен филм во 10 дела, кој ја прикажува нераскажаната приказна за Мајкл Џордан и династијата „Чикаго Булс“ со ретки, досега невидени снимки и звук од шампионската сезона 1997-98 – и над 100 интервјуа сонајголеми и најпознати имиња, од светот на НБА кошарката и други вклучувајќи ги и самиот Џордан. Во серијата се појавуваат со интервјуа: Фил Џексон, Скоти Пипен, Стив Кер, Денис Родман, Пат Рајли, Чарлс Баркли, Дикембе Мутомбо, Патрик Јуинг, Меџик Џонсон, Ајзеа Томас, Коби Брајант, Гери Пејтон, Адам Силвер, Боб Костас, Барак Обама, ЈастинТимберлејк и многу повеќе.
City So Real (Nat Geo) 5 епизоди
Најдобрата серија за 2020 година според критичарите од Metacritic.
(#1) Од номинираниот за Оскар Стив Џејмс,, документарната серија во 5 дела го прикажува сложениот портрет на Чикаго, од трката за градоначалник во 2019 година до бурното лето од 2020 година и немирите по убиството на Џорџ Флојд (во една епизода додадена по серијата за прв пат прикажана во Санденс во јануари).
подготвил: Ј. Ѓорѓиоски