ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Борбата за работните места е најчовечката економска стратегија, четирите пакет мерки ги даваат резултатите

January 5, 2021 12:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Минатата 2020 година ни покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план. И покрај сите предизвици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните.“, истакна Заев на денешната прес-конференција говореќи за економските резултати и мерките кои ги презела Владата за стабилизирање на економијата.

Тој ја нагласи реализацијата на даночните приходи, остварувањето на директните даноц, приходите од придонесите и расходите и направи споредба со реализираното во 2019 година.

„Вкупните даночни приходи во 2020 година се реализирани во износ од 189,8 милијарди денари, или 96,7% од планираните приходи. Директните даноци имаат остварување од 99,5% од планираното, или раст од 2,3% споредено со 2019 година и покрај тоа што во април, мај се правеа проценки за пад од 30, 40, 50% пад на вкупните приходи на државата. Позитивен тренд  од јануари до декември бележиме и кај придонесите, кои на крајот од 2020 година изнесуваат 102%, односно 2% повеќе од планираното. Вкупните расходи од Буџетот во 2020 година се реализираа во износ од 243,7 милијарди денари, или 96,4% во однос на планираниот износ. Стоки и услуги се наламени на 85% од ребалансот, или 5% помалку од 2019 година што е доказ и аргумент на штедливото трошење на јавните пари. Позитивни бројки бележиме и кај јавните расходи. Тие минатат година изнесуваа 16,1 милијарда денари, или 82% од планираната реализација. 2020 година ја завршивме со буџетски дефицит од 53,9 милијарди денари, или 8,1 ж% од планираниот БДП. Во Буџетот тој номинално беше планиран на 8,5%.“, прецизира Заев.

Премиерот нагласи дека за оваа реализација биле вклучени и консултирани стопанските комори, синдикатите, граѓанскиот сектор и акдемската фела.

„Во реализација на ова беа вклучени сите: Стопанските комори, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор и тоа даде резултат и во време на пандемија обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржуваќи ги работниците секаде каде што тоа е можно. Тој резултат обезбеди и одржлива домашна потрошувачка, која е најголем процент од БДП.“, нагласи Заев.

Тој истакна дека се четирите пакет економски мерки се обезбедени над 1.2 милиајрди евра за компаниите и граѓаните и потенцира дека на економски план се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечката економска стратегија.

„Од почетокот на кризата креиравме четири пакети на економски мерки за поддршка на најпогодените од кризата за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра. Најважно од сè на економски план се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечката економска стратегија. Само со четвртот пакет се исплатени плати за над 60 илјади работници месечно, а тоа се околу 18 милиони евра месечно, за околу14.000 фирми месечно. Овие средства се враќаат повторно во стопанството. Со мерките беше обезбедена финансиска поддршка за околу 500.000 наши граѓани кои беа најпогодени со кризата преку директно префрлање средства на нивните сметки.“, рече Заев

Премиерот подвлече дека овиеие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна, жива и динамична. дека не е дозволено да запре потрошувачката и додаде дека тоа е можно само ако добро се планира и само ако брзо и паметно се реагира во услови на криза.

Ефектите се видливи, нагласи Заев. истакнувајќи дека веќе во третото тромесечие од 2020 година после 14,9% пад на БДП, падот е ублажен на износ од 3,3%.

Заев направи споредба на наплатата на даноците од декемви 2019 со декември 2020 година и рече дека овие бројки се показател дека економијата се враќа, е стабилна и дека политиката и мерките на Владата ги дале посакуваните резултати .

„Според податоците од УЈП, ДДВ-то во бруто износ само за декември 2020 година е наплатен во износ од 7,145 милијарди денари, а во 2019 година во декември кога немаше ковид криза наплатено е 6,840 милијарди денари. Персоналниот данок на доход само во декември 2020 година е 2,676 милијарди денари, а декември 2019 година бил 2,308 милијарди денари, или 15,5% поголема наплата на персонален данок во услови на корона-криза. И данокот од добивка е наплатен за 3,2% повеќе во однос на 2019 година. Овие споредби се најсилниот аргумент дека се враќа економијата, дека е стабилна и ги поминува бројките на наплата на даноците, а тоа е аргумент дека мерките се вистински, дека се сочувани работните места, дека е поддржана потрошувачката моќ на граѓаните, дека е поддржана најсиромашната класа во државата.“, рече Заев.

– Ова е еден од најсилните аргументи дека финансиската и економската политика на државата ги дава резултатите и е убав податок за завршеток на вака тешка година, нагласи премиерот Заев на денешната прес-конференција.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Морисон: Асанж ќе може да се врати во Австралија кога ќе завршат сите процеси

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk