Премиерот Заев на денешната прес-конференција нагласи дека 2021 година е година на економско заздравување и ги најави четирите столба на кои ќе се потпира Буџетот за 2021 година.
„Буџетот за 2021 година се состои од четири столба. Првиот столб е за економско заздравување од Ковид-19, вториот е за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, трето е зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и четвртиот е развој на човечките ресурси и еднакви можности преку кои ќе се обезбеди макроекономска стабилност и финансиска одржливост за заздравување на економијата и забрзување на економскиот раст.“, рече Заев.
Премиерот истакна дека огромна развојна компенонета во овој Буџет се капиталните расходи кои се планирани на 82 проценти.
– Ќе продолжиме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, гасификацијата, градинките, училиштата и животната средина, комунална инфраструктура, како и во изградба на социјалните станови. рече Заев
Тој потенцира дека клучен капитален проект е коридорот осум и дека капиталните инвестиции се планирани за 20 проценти повеќе отколку во 2020 година.
„Клучен капитален проект е коридорот осум, главната артерија која и инфраструктурна не поставува како крстопат со соседите а ги поврзува Јадранското со Црното Море. Капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари, или за 20 отсто повисоко во однос на 2020 година.“, истакна Заев.
Премиерот заклучи дека со подобар стандард на сите граѓани целта е да се донесе Европа дома и дека планираниот буџет е кроен за да одговори на предизвиците на престојната година.
„Државата е тука да помогне на сите на кои им е потребна помош и да ги зачува работните места. Буџетот е балансиран со фокус на здравствениот систем, скомијата, капиталните инвестиции, системската функционалност и реформите во правосудството и евроинтеграциите. Имаме одговорно планиран буџет кроен за да одговори на предизвиците на престојната година. Со подобар стандард ја носиме Европа дом, а тоа значи подобар живот за секој граќанин во Северна Македонија. Престојната година е година на вистински предизвик, година на заживување на економијата, година на квантен економски скок за сите граѓани.“, заклучи премиерот Заев на денешната прес-конференција.
Ј. Ѓорѓиоски