пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
Сакав да напишам едно подолго размислување за најнискиот криминален ешалон во агитпропот уште пред да излезе Студијата за балканските дезинформатори (меѓу кои се челниците на ВМРО-ДПМНЕ), но секогаш имаше некоја поважна тема, па ова остана во белешките. Гледам дека ни за време на новогодишните празници не стивнува црната пропаганда (дури и пожарот во „Глобал“, Струмица или здравствената состојба на д-р Караџовски им беа „добар“ материјал за омраза и гадости). Затоа, решив да објавам дел од белешките. Иако, навистина е нормално овие тапоглавци и смрдливи куртони на криминалците во политиката да бидат ниско на мојата листа од теми.
Текстов треба да послужи и како илустрација за сите останати спомнати и неспомнати ликови и нивните газди, но и најава дека оваа година нема да ги оставам на мира ни институциите и (само)регулаторите кои ја негуваат нивната неказнивост. Но главна причина е тоа што криминалците веќе започнаа со повалкана пропаганда од било кога порано. Оваа година за нив е пресудна: или ќе ги блокираат правдата, реформите и македонските интеграции на сите нивоа, или ќе мораат да спакуваат несесер за долги патувања од различна природа…
Срцки. Пропагандистите ќе потскокнат од радост и чест, мислејќи дека од под моите прсти излегол текст за нив. Но овие смрдливи и мрсни ликови не треба да се радуваат премногу, бидејќи не пишувам за нив, туку за нивните газди. Во текстов, тие се само лабораториски стаорци преку кои ќе се обидам да ја опишам заразата чии преносители се овие ѓубриња.
Овие неписмени накази имаат многу неславен „занает“ – дејствуваат против прогресивниот дел од општеството – новинари, интелектуалци, уметници и активисти за човекови права. Да не сме ние, злогласната кариера на многумина ќе беше многу посиромашна изминативе петнаесетина години. Впрочем, тоа се обични отпадоци – лажливци и психопати. Паразити.
Сѐ што имаат, го исцицале од нас. Иронично, тие живеат од нас, но и живеат за нас. Ги живеат нашите животи, сакаат да бидат како нас, но огледалото им е поцрнето и искривено.
Многумина од нив се будат и заспиваат со мојот лик во нивните мисли. Иронијата си поиграла со нивните животи, а нивната грда појава е ништо во споредба со смрадот што го имаат во своите души, но и физички (не им се доближувајте!). Само погледнете ги на што личат. Душата им е уште пострашна. За да се уверите во тоа, доволно е да прочитате само неколку реда од тоа што пишуваат или говорат (пелтечат).
Пишуваат ашљациве, неуморно. Не знам колку отровни текстови имаат напишано за мене и за многумина други носители на прогресивни пораки во јавноста. Какви тажни карикарури и криминалци!
На ова место сакам да им порачам, не на слугите, туку на нивните газди: Овие ѓубриња секојдневно се посрамотуваат себе си и своите семејства, но уште повеќе зборуваат за тоа какви се нивните нарачатели и спонзори!
Јас, ако забележувате, ретко им одговарам на слугите. Нема потреба, бидејќи секој ден, со секој настап, пукаат во коленото на нарачателите. Нивните газди и спонзори си прават лоша услуга кога ангажираат, па дури и добро плаќаат, вакви глупави гадови во своите агитпроп машинерии. Тие засекогаш ќе останат обележани во нашите текстови и во архивите на нашите мониторинг дескови. Треба, навистина, и газдите и нивните куртони да се сетат некогаш дека имаат потомства кои ќе се срамат од нив. Ништо нема да ги избрише овие архиви, тие секогаш ќе останат да сведочат за ова време и за грдата улога на овие дивјаци во општеството.
А што имаат газдите и криминалците во политиката на располагање? Имаат куртони, скапи курви, човечиња, лудаци, началници, МВРО-ВМРО… како што самите се нарекуваа, ако се сеќавате на бомбите од 2015 година. Министри и главни уредници се автори на овие изрази, не јас. Па како да ги цени и нарекува човек поинаку овие гнаси?
Имаат неколку неписмени криминалци на функции во партиите и во парламентот. Дезинформатори! Му дадоа медиумски простор и поддршка со наши пари на еден бивши (просечен беше) спортски коментатор, инаку осуден измамник, а сега и неуспешен сточар („дај шта даш“). Имаат и едно полуписмено и хистерично фашистче и апаш. Неколку будали каква што е Марга (псевдоним е, но знаеме која е и каква е) која рециклира глупави и лажливи твитови. Собраа околу себе дваесетина лоши новинари и уредници, обични гниди, чија основна задача е да лажат и да шират омраза и национализам. Да работат против сопствената земја за странски црни пари… Тотални будали!
Формираа тимови од неколку дузини неписмени и полуписмени тролови со очигледни психички проблеми. Да не заборавам, имаат и една мувлосана, стара, пореметена вештерка која фрла клетви пред камера. Без навреда што не ги набројав сите, има уште неколку десетици гадови во оваа мрачна сликовница за возрасни. Знам, повредив сега неколку суети, бидејќи некои од нив се претставуваат како лидери. Смешно е, да. Бидејќи се слуги.
Газдите се одговорни. Исто како што, ако некое куче касне човек, одговорен е неговиот газда. Овој гној од криминалци и пропагатори ќе остане како дебела смрдлива корка на лицето на секој политичар (криминалец) што на различни начини ја поттикнува и ја плаќа оваа банда на дното од злосторничката хиерархија. Сите заедно се дно. Една тешка зараза на која, кога-тогаш, ќе ѝ дојде крајот.
Историјата на оваа болест ќе остане забележана засекогаш. Можат да прават што сакаат и колку сакаат, може да ги гали и амнестира кој сака и колку сака, нивниот состанок со вечноста ќе биде проследен со бескрајно понижување и срам. Фуј!
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.