ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руски медиуми: Трамп претера, Америка се радикализира – бумерангот се врати

January 8, 2021 12:28
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вашингтон воведе полициски час, американскиот Конгрес речиси едногласно ја верификува изборната победа на Џо Бајден, а Доналд Трамп е подготвен да ја напушти Белата куќа. Немирите, како што поддржувачите на Бајден го нарекуваат упадот во Конгресот од страна на приврзаниците на Трамп, не успеаја, пишува весникот „Росијскаја газета“ во врска со настаните кои се случија пред два дена во Капитол Хил.

„Демократите направија се што е во нивна моќ да ја радикализираат Америка. И преземањето на Капитол е нивно наследство, поточно наследство на нивната политичка војна против Трамп”, вели рускиот сенатор Алексеј Пушков за весникот „Известија“.

Индексите во САД и Европа забележаа пораст и покрај немирите во Вашингтон, пишува весникот „Комерсант“, осврнувајќи се и на реакции од политичари низ светот и коментари од странски медиуми. „Политичко самоубиство на Трамп“ е наслов на анализа во ова издание на весникот.

Во Кина сметаат дека тоа е одмазда за американските двојни стандарди, а во Европа настаните се нарекуваат „најтемниот ден во историјата на САД“. Набљудувачите сметаат дека Трамп претерал и ќе ја изгуби поддршката и од неговите најверни истомисленици, пишува електронското издание на весникот „Взглед“. Нападот на Конгресот, „сосема ја смени сликата за Америка“, наведува авторот на друг напис во „Взглед“.

Весникот „Комсомолскаја правда“ анализира дали Трамп ќе биде „казнет за она што се случи“, особено преку импичмент. Според рускиот весник, тоа е „најсофистицирана опција“, бидејќи „пресудата може да вклучува трајна забрана“ за Трамп да заземе федерални функции. На овој начин, политичките елити во САД засекогаш ќе му го блокираат патот кон големата политика, а особено кон претседателската трка во 2024 година, објаснува весникот.

„Новаја Газета“ пишува како 25-от амандман од Уставот на САД може да се искористи и да се прогласи Трамп неспособен за извршување на претседателските обврски. Голем број противници на Трамп се сериозно загрижени дека тој може да преземе непредвидливи чекори во последните денови од неговиот мандат, додава весникот.

Според телевизијата Си Ен Ен, Џо Бајден нема намера да бара предвремено отстранување на Трамп од власта, забележува весникот „Московски комсомолец“.

Сепак, „Вашингтон ќе живее во режим на вонредна состојба до инаугурацијата на Бајден“, објави наслов весникот „Независимаја газета“. „Празникот на демократијата заврши“, весникот го цитира коментарот на Константин Косачов, шеф на Комисијата за надворешна политика на рускиот Сенат. САД веќе не можат никому да наметнат курс за демократија – тие го изгубија целото право на тоа, тврди Косачов.

– Америка стави крај на демократијата и тргнува кон диктатура, вели политикологот Сергеј Марков за „Комсомолскаја правда“.

Нападот „покажа дека САД се дестабилизирани и нема да можат да ја избегнат судбината што им се случи на Чилеанците, советскиот народ, на Југословените, Ирачаните, Сиријците (…) Бумерангот се врати“, наведува „Правда“.

Крвавиот напад врз Капитол Хил наликува и на обид за „шарена револуција“ и на најава за „црно-бела“ граѓанска војна. Трамп дојде како сензација, а си заминува како кошмар, заклучува агенцијата РОСБАЛТ.

 

/МИА/
Next Post

Маргарет Квејли, наводно, го напуштила Шаја Лабјуф по тужбата за насилство

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk