Како е да се менуваат санитарни производи додека сме без тежина? Дали менструалниот проток се задржува само во телото кога нема гравитација? Човечкото тело поминува низ многу промени кога е во вселената. Немајќи гравитација, ја губи коскената густина и мускулната маса. Кардиоваскуларниот систем станува мрзлив и механизмите за контрола на рамнотежата на телото треба целосно да се прилагодат…Но изненадувачки, менструалниот процес останува ист како и на Земјата. Покрај тоа, протокот на крв во менструалниот циклус всушност не е под влијание на бестежинската состојба што ја доживуваме во вселената, па затоа не лебди на назад, телото знае дека треба да се ослободи од него. Фактот дека жените можат нормално да го поднесуваат менструалниот циклус, порано се сметал за важен факт зошто жените не треба да се астронаути. Но денес жените астронаути покажуваат дека навистина ова тврдење е само обично лажно тврдење, бидејќи циклусот воопшто не ја условува нечија способност да биде астронаут.
Право на сопствен избор
За среќа, денес, постојат начини да се спречи жените да имаат менструација. Нема правила и прописи околу тоа што треба да направи една жена астронаут во врска со нејзиниот циклус, тоа е потполно личен избор. Некои жени астронаути сметаат дека потиснувањето на протокот, не е соодветно за нив и затоа избрале да имаат менструација во вселената.
Сепак, при донесувањето на одлуката, една жена астронаут можеби би сакала да ги разгледа некои од предизвиците за циклусот во вселената. А тие имаат тенденција да бидат поврзани со практичностите на хигиената, односно водата за миење е ограничена и примената на санитарните производи додека лебдат во вселената исто така би била доста голем предизвик.
Ако жената одлучи да не го менува својот циклус во вселената, како што прават многу астронаути кои се надвор од земјата на подолг период, нивната најдобра достапна опција е да користат орални апчиња за контрацепција. Но, проблем е што, за тригодишна мисија (да речеме, на Марс и назад), ќе требаат околу 1.100 таблети за да ги запрат циклусите и летот треба да се прилагоди со носење и отстранување на сите пакувања таблети, вклучително и со трошоците за лансирање на кој било дополнителен товар во вселената. Истиот проблем се однесува на санитарните производи. Друго решение околу спречувањето на протокот е вградување на импланти што обично се ставаат под кожата или во матката за полека да ослободуваат хормони кои ја потиснуваат менструацијата. На крајот на краиштата, може да биде тешко да се запамети дека треба да земат таблета во одредено време секој ден…
Репродуктивното здравје
Има многу што не знаеме за здравјето на женските астронаути. Едно е влијанието врз плодноста како резултат на вселенскиот лет. Студија од 90-тите години на минатиот век сугерира дека вселенскиот лет нема значително влијание врз плодноста кај жените. Плодноста на жената сепак се намалува со возраста. Значи, ако женските астронаути се обидуваат да го добијат своето прво бебе по 41-та година од животот, и се борат, тешко е да се разбере дали вселенскиот лет имал влијание или само возраста.
Да се има бебиња во вселената е далечна идеја, бидејќи влијанието на зрачењето во вселената би било сериозно штетно за нероденото дете, оставајќи го ова како целосно неетичко подрачје на истражување. Само тогаш кога напредокот во истражувањето на зрачењето би напредувал до точка каде што можеме безбедно да ги заштитиме луѓето од вселенско зрачење при мисии со долго траење, би можеле правилно да дадеме одговор на прашањето дали жените можат во текот на бременост да одат во вселената. Сепак, кога станува збор за влијанието на супресијата на менструацијата во вселената, потребно е да се направат повеќе истражувања. Ова ќе биде клучно доколку сакаме да испраќаме астронаути на се повеќе долги мисии како што се на Марс и пошироко. За среќа, веќе напредуваме бидејќи за првпат постои „водич“ за жени астронаути кои сакаат да го направат вистински избор за нив.
Интересно, а воедно и тажно е што НАСА, организација предводена од едни од најголемите умови на Земјава, мислеше дека на астронаутот Сали Рајд, би и биле потребни 100 тампони за една недела само за да биде „сигурна”…Да биде сигурна од што? Како најголемите светски умови не знаат што се случува за време на менструалниот циклус, за да можат да предвидат 100 тампони?
Во меѓувреме погледнете како изгледа еден ден во вселенска станица, што прават и како се справуваат астронаутите со некои премногу едноставни задачи на Земјата, во летало со ограничени можности.