Маж на околу 60-годишна возраст почина на автопатот Велес Скопје по патарината кај Отовица, а неговата 89-годишна мајка била повредена во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево околу 10:30 часот.
И синот и тешко повредената мајка се префрлени во велешката болница. Според првичните информации добиени од велешката Итна помош, починатиот немал физички повреди и е најден надвор од автомобилот кој удрил во банкината на автопатот. Ќе се утврдува дали е починат од други здравствени причини или од сообраќајната несреќа.
Полицијата изврши увид на лице место за да се утврдат причините за несреќата. За време на увидот, сообраќајот беше во прекин, а после 12 часот е нормализиран.





