ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британските затвори предлагаат бесплатна марихуана за осудениците

January 12, 2021 12:31
in ДЕНЕС, СВЕТ
Извор: suedtirolnews.it

Извор: suedtirolnews.it

Share on FacebookShare on Twitter

Управата на британските затвори предлага да се воведе бесплатна марихуана за затворениците, со цел да се намали смртноста од предозирање со тешки дроги, да се надмине зависноста и да се намали насилството помеѓу осудениците.

Затворите треба да воведат експериментална програма за обезбедување бесплатна марихуана на затворениците зависници за да утврдат дали тоа ќе помогне да се намали смртноста од предозирање и да се намали насилството во затворите, изјави британскиот полициски комесар Еброн Џоунс од казнено-поправниот дом Северен Велс.

Тој истакна дека голем број на затвореници се на метадонска терапија како замена за хероин, а на повеќемина им се препишуваат силни аналгетици, што се потенцијално опасни лекови. Во исто време, во затворите циркулираат сите дроги.

– Ако веќе се на опијати, зошто да не добијат канабис? Сите тие опијати се далеку поопасни од канабисот. Покрај тоа, ние би спречиле нелегално внесување на дрога во затворите и ќе ја намалиме корупцијата помеѓу затворскиот персонал, истакна Џоунс.

Во Велика Британија, марихуаната сè уште е нелегална, но нејзината медицинска употреба е легализирана, иако можноста за добивање екстракт од масло од канабис преку здравствената услуга е скоро невозможна поради несогласувањето на здравствените работници за нејзините придобивки.

Џоунс предлага посебен режим за да се обезбеди легална дистрибуција на канабис за затвореници.

– Да испорачаме марихуана под контролирани услови и да видиме дали криминалот ќе се намали, додаде Џоунс, додавајќи дека идејата најпрво ја иницирал фармакологот д-р Стефани Шарп.

Според последните податоци на британското Национално биро за статистика, во периодот од 2008 до 2016 година, во затворите имало 88 смртни случаи поврзани со дрога, претежно од метадон, хероин и бензодиазепини. Додека, смртноста од синтетички лекови нагло се зголеми во последните неколку години.

Студија на Универзитетот Џон Хопкинс, спроведена во периодот од 1999 дои 2014 година, открива дека смртноста од предозирање со опијат опаднала за 25 проценти во американските сојузни држави, кои го легализирале медицински канабис.

Друго американско истражување, од друга страна, наведува дека пациентите кои користат канабис во борба против хронична болка, значително ја намалиле употребата на опијат.

– Имаме нула толеранција кон дрогата и тесно соработуваме со здравствените служби за да обезбедиме поддршка на осудените лица, кои се зависни од разни терапии и рехабилитација, истакна портпаролот на британската Служба за спроведување на затворот.

 

/МИА/
Next Post

Од утре снег и особено студено време од петок

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk