ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис со предлог до ЕК: Сертификат за вакцинација за слободно движење на граѓаните

January 12, 2021 14:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Преку допис до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но и до шефовите на државите на Унијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предлага усвојување на стандардизиран сертификат за вакцинација за слободно движење на граѓаните кои веќе се вакцинирани, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ние нема вакцинацијата да ја направиме задолжителна или предуслов за патување, но лицата кои се вакцинирани би требало да патуваат слободно. Ова, исто така ќе претставува позитивен поттик за охрабрување на граѓаните да се вакцинираат, што е и единствениот начин да гарантираме враќање во нормала.  Врз основа на горенаведеното, итно е да усвоиме заедничко разбирање за тоа како треба да се структурира сертификатот за вакцинација за да биде прифатен од сите земји членки, пишува грчкиот премиер.

Во писмото испратено денеска, Мицотакис вели дека „најбрзото можно воспоставување на слободното движење меѓу државите членки, како и со трети земји е фундаментален приоритет на сите нас“ и додава дека од тие причини Грција, брзо реагираше и спроведува процедури „за олеснување на слободното движење на лицата вакцинирани против Ковид-19“.

-Клучен чекор во оваа насока е да се воспостави стандардизиран сертификат што ќе докажува дека лицето е успешно вакцинирано, пишува Мицотакис.

Паралелно, заедно со писмото го испраќа и нацрт сертификатот подготвен од надлежните грчките власти и додава дека ќе се користи за сите превозни средства, воздушни, морски и железнички.

Додава дека ако успешно се постигне заеднички став меѓу земјите членки на унијата за стандардизиран сертификат, тогаш тоа може да се препрати и на меѓународно ниво, со што ќе се направи придонес „во одново воспоставување на слободното движење на глобално ниво“, за враќање на економската активност на степен на кој беше пред кризата.

-За земјите како што е Грција, кои се зависни од туризмот, императив е ова прашање да се реши пред почетокот на летната сезона, истакнува Мицотакис во писмото, пренесе МИА.

Next Post

Министерот Спасовски на средба со програмскиот директор на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје Медн

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk