ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Одобрена првата група кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

January 12, 2021 15:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје,  започна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

Како што информираат од банката, одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3552 вработени.

-Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од  микро компании и 9 кредитни барања се од трговци-поединци.

Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 37 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 17 и југоисточниот  регион со 14 отсто. Од југозападниот, источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања, прецизираат од Развојната банка.

Кредитните барања, додаваат, се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него.

-Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор, потенцираат од Развојната банка.

 

/МИА/
Next Post

„Еурактив“: Бугарија се обидува да ја смени тактиката кон Скопје

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk