ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Спелеолозите од прилепскиот клуб „Златоврв“ изведоа вежба за спасување деца од пожар

Тука употребивме спасувачки носила и со спасувачки појас ги изнесовме двете деца. Во Прилеп сѐ уште немаме спасувачки служби и се надеваме дека ова ќе биде еден поттик да се формираат, рече Неданоски.

November 24, 2019 15:18
in ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со импресивна акција спелеолозите од прилепскиот клуб „Златоврв“ изведоа вежба за спасување деца од пожар од седми кат на највисоката зграда во градот – 13-катница од 50 метри. Шеснаесет обучени спелеолози, поделени во четири тима, се спуштија од покривот на зградата до седмиот кат каде што се импровизираше пожар во стан во кој беа „заробени“ две деца. Искусниот спелеолог Дарко Неданоски објасни дека акцијата ја изведоа со носилка и јажиња и целосна опрема според техниката на едно јаже позната во светот која се применува при спасување во пештери, пожари во урбани и планински средини. Ова е прва ваква вежба за спасување во Прилеп на кој  му се потребни вакви тимови. Вежбата беше во координација со републичката Дирекција за заштита и спасување и со МВР, пренесе МИА.

– Во Прилеп првпат се организира ваква вежба. Нашиот спелеолошки клуб „Златоврв“ е осум години активен на европските акции и конгреси за спасување, обуки и семинари. Решивме да направиме и кај нас една ваква показна вежба за спасување од пожар од тринаесеткатницата. Според вежбата, пожарот ја зафатил веќе половината зграда и стигнал до седмиот кат. Таму се забележани две дечиња кои останале внатре. Нашата задача е да се спуштиме од покривот на зградата до седмиот кат и да ги извадиме двете деца, од кои едното не може да се движи. Тука употребивме спасувачки носила и со спасувачки појас ги изнесовме двете деца. Во Прилеп сѐ уште немаме спасувачки служби и се надеваме дека ова ќе биде еден поттик да се формираат, рече Неданоски.

Објасни дека направиле симулација на базен-камп, при што еден тим ги спасува децата, еден тим бил за поддршка на јажето и уште два тима кои ги осигурувале јажињата и носилото и повреденото лице. Користеле, рече, „синг-роб“ техника на единечно јаже, што потекнува од Франција и е најраспространета во светот.

Младите Сара Луческа и Елеонора Кржеска беа дел од тимовите за поддршка и велат дека ова е поттик за другите. -Чест е што бевме дел од оваа акција и ги охрабруваме девојките  да се приклучуваат на вакви акции. Горди сме на колегите од друштвото и се надевам дека граѓаните сфаќаат дека ни се потребни вакви тимови, рече Луческа.

-Започнав со вежби во клубот од 12-годишна возраст. Тренирам веќе шест години, а годинава работам уште поактивно. Се надевам дека спелеолоштвото ќе биде уште позастапено и токму се потребни тимови во вакви ситуации, смета Кржеска.

Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување нагласува дека деновиве со прилепските спелеолози ќе се  потпише договор и ќе станат дел од републичките волонтерски тимови за спасување. Дирекцијата има професионални, недостигаат волонтерски тимови и апелира да се пријавуваат. В година, според договор со Словенија, на обука ќе бидат пратени 80 обучувачи кои ќе работат со млади.

-Деновиве ќе биде потпишан договор за тимот да влезе во републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување. Поддршката ќе ја имаат сите тимови, што досега не било практика, што се подготвени да влезат во републичките сили за спасување. Апел до сите ентузијасти, кои имаат волја, имаат формирано тимови, да се јават во Дирекцијата за да направиме еден респектабилен систем на волонтери и на вакви екипи кои ќе помогнат во вакви ситуации, изјави Џафероски.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој ја следеше показната вежба отворено ја упати поддршката и признава дека Прилеп нема спасувачки тимови на што треба да се работи.

-Се гордееме со екипата која ја изведе показната вежба за спасување од пожар во зграда. Мора да имаме вакви екипи. Порано постоеше СВОЗ, тоа е запоставено. Ова да биде поттик и ќе помогнеме да се зголемат вакви екипи, рече Јованоски.

Next Post

Најава за „27 април” во Албанија, Мета ќе влезе со народот во Собрание ?!

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk