Слично сценарио на тоа од 27 април 2017-та што се случи во Македонското собрание, се најавува во Албанија.
Таму најавите се уште посериозни и доаѓат од Кабинетот на првиот човек на државата, Претседателот Илир Мета. Конкретно, неговиот портпарол Теди Блуши, најави дека доколку парламентарното мнозинство ги спроведува најавите за промена на законот за Заклетва кај претседателот, тогаш Мета ке влезе во Собрание заедно со народот.
„Драги колеги новинари, извинете што доцнам со одоговорот за најновата најава што Тао Тоа ја даде на нашиот народ, а тоа дека не уставниот Парламент, има одлучено да одземе уставни ингеренци на Претседателот, едиствената легитимна институциа во државата. Ме прашувате што би направил Претседателот? Секако дека тој ден Преседателот ќе биде присутен таму, но со албанскиот народ”, напишал Тед Блуши, портпарол на претседателот на Албанија, Илир Мета.
А.З.