Веројатно локалниот опозициски лидер од Штип на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Иван Јорданов, му пречи да плаќа патарина за тоа што секојдневно вози по нов и модерен автопат, а за тоа зема патни трошоци на име на граѓаните, велат од СДСМ Штип.
„Дали актуелниот пратеник, кој не плаќа за паркинг простор во Штип, ќе се откаже од патните трошоци што ги зема од Собранието и со тоа да придонесе за развој на подобра инфраструктура и изградба на нови патишта.
ВМРО-ДПМНЕ како да заборавија дека за 11 години владееење изгарадија само, повторуваме само 7 километри автопат. Срамно е тие да говорат за елитизам во време кога купуваа жални врби, градеа палати и споменици од парите на граѓаните.
Бидејќи имаат слаба меморија, Ние ќе ги потсетиме дека за само три години откога СДСМ ја предводи Владата, инвестирани се преку една милијарда во изгардба и рехабилитација на нови патишта. Само во овој момент Владата предводена од СДСМ работи на преку 400 километри патна мрежа и инвестира преку 850 милиони евра. Ако се грижеа за граѓаните, ги повикуваме јавно да одговорат зошто во месец јули 2014 година, кога ја предводеа тогашната Влада, ги зголемија цената на патарините?“, реагираат од СДСМ Штип.