Договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Република Северна Македонија мислеа дека потпишуваат договор, но можеби нема да го исполнат, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за националната телевизија БНТ.
„Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морал и историска должност кон овие луѓе. “, коментираше Каракачанов.
Тој појасни дека владата на Заев најмногу бара компромис.
„Но, кога правиш компромис со политичарите во Република Северна Македонија, тие тоа не го доживуваат како гест на благородништво, туку како слабост и со незаинтересираност.“ вели Каракачанов.
Каракачанов реле дека разговорите продолжуваат и дека Бугарија нема намера да менува ништо од нејзините барања.
„Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри и да кажат дека нивниот идентитет настанал, кога се создале услови за тоа, рече Каракачанов во интервју за БНТ.
Тој беше категоричен дека Бугарија не ја затворила вратата, но дека не треба да ја коригираат нивната политика.
Каракачанов рече дека решавањето на отворените прашања со Северна Македонија е од стратешко значење.
„Како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но јас би додал и најтрагичниот дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причина за тоа. “, додаде Каракачанов.
И.З.
Извор: БНТ