ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Mакедонските политичари бараат компромис, а кога нудиш се незаинтересирани, вели Каракачанов, Симовски: Пописот треба да ја регистрира реалноста….

January 17, 2021 12:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Симовски: Пописот треба да ја регистрира реалноста, а дали ќе се допадне некому, не ме интересира. Секогаш ќе има незадоволни каков и попис да направите, но статистика не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Каракачанов: Македонските политичари бараат компромис, а кога нудиш се незаинтересирани. „Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри и да кажат дека нивниот идентитет настанал, кога се создале услови за тоа, рече Каракачанов во интервју за БНТ.

Акцискиот план во фокусот на разговорите со Софија, ќе се споделат информации и со пратениците. Претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА рече дека Акцискиот план, што ние и го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазикот и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават“ атмосферата во наредниве месеци.

Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи. Собранието завчера по три дена ја заврши расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој по 19 години земјава годинава треба да ја изврши оваа статистичка операција.

Подготвен планот за вакцинација, првите вакцини од „Фајзер“ и преку КОВАКС механизмот следниот месец. Веќе се пристигнати два фрижидера кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени, а уште три се очекуваат во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози вакцини.

Филипче: Мерките беа добро димензионирани и дадоа резултат, благодарност до граѓаните кои ги почитуваат. Министерот Филипче потенцираше дека во нашата земја досега се детектирани 7- 8 соја на вирусот.

Влада: Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони. Во однос на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година се планирани средства за реализација кои се распределуваат за реконструкција, доградба и подготовка на стручна документација за повеќе средни училишта во Тетово, Прилеп, Свети Николе, Штип.

СДСМ: Планирани 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021.  Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава.

Железничкиот транспорт лани со загуби од 512 милиони денари и двојно помалку патници. Се надеваат дека ќе се надмине ситуацијата со Ковид 19 и ќе нема порестриктивни мерки што ќе влијаат на обемот на работа.

И.Т.З.

Next Post

За 71 % намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk