ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поддршка за Радуловиќ по апсењето на професорот по глума Алексиќ

January 17, 2021 19:41
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По веста дека познатиот сопственик на белградската школа за глума, Мирослав Мика Алексиќ, е приведен во полиција под обвинение на актерката Милена Радуловиќ за силување и сексуално злоставување, во Србија со осуда и сведочења се јавија повеќе јавни личности, меѓу кои и актерката Хана Селимовиќ, која на Фејсбук изјави дека исто така влече трауми од периодот кога била тинејџерка во групата на Алексиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Не го доживеав нејзиното сценарио. Значи, не бев сексуално злоупотребувана. Но, од таму јас не излегов без траума. И тоа серизозни, истакна Селимовиќ.

Водителката Миња Милетиќ која исто била ученик на Алексиќ се огласи по повод ужасната исповед на актерката Милена Радуловиќ, која откри дека професрот по глума Мика Алексиќ ја силувал кога имала 17 години.

– Секој чест на храброста на Милена Радуловиќ. Како дете и јас учев во школата за глума на Мика Алексиќ, но само неколку месеци и кога го прочитав сето ова, се потресов, истакна Милетиќ.

Актерот Тихомир Тика Станиќ го оцени скандалот како „нешто што не може да се опише со зборови“. На социјалните мрежи, поединци се прашуваа зошто актерката досега не зборувала, што нејзиниот постар колега го осуди и рече дека секое такво прашање е „ново кривично дело“.

– Би зборувал за Милена, ја познавам, таа е прекрасна личност и актерка, прекрасен човек Јас длабоко сочувствувам со она што и се случи. Се восхитувам за начинот на кој тоа го објави, го коментирав синоќа со моите ќерки, и благодарам на Милена, заради нашите деца, сите наши деца и затоа што ваков случај, особено што се однесува на јавна личност, може да биде клучен во заштитата на сите потенцијални жртви во иднина, кажа Станиќ.

Основач на фондацијата „Тијана Јуриќ“, Игор Јуриќ, изјави деака во кариерата на Алексиќ имало многу такви жртви.

– Тоа е јавна тајна. Тешко е да се излезе во јавноста со такви информации кога станува збор за човек која е признат како личност, а такви ги има многу во Србија и треба да ги ставиме таму каде што припаѓаат. Се надеваме дека жртвите ќе бидат охрабрени и ќе проговараат и за други лица на високи позиции, додаде тој.

Мирослав Мика Алексиќ, познат сопственик на школата за глума, синоќа беше приведен во полициска станица, откако повеќе девојки го пријавиле за силување или сексуално вознемирување.

Актерката Милена Радуловиќ за медиумите изјави дека Алексиќ ја силувал кога била малолетна и да тоа се случило неколку пати.

Радуловиќ, заедно со уште неколку девојки, од кои некои се малолетнички, го пријавиле Алексиќ за силување и сексуално вознемирување.

Таа кажа дека Мика Алексиќ првпат ја силувал на почетокот на ноември 2012 година, кога имала 17 години, а тој 61 година.

Милена Радуловиќ изјави се надева дека и други јавни личности, актерки, ќе се огласат по нејзината приказна и да нема да чувствуваат страв од осуда или влијание врз репутацијата.

Мирослав Мика Алексиќ е филмски режисер, продуцент, актер и познат педагог, низ чија работилница имаат поминато повеќе од 3.000 млади луѓе.

Next Post

Навални приведен по слетувањето во Москва

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk