ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Манијак се соблекува и плаши жени во Скопје, МВР работи на расчистување на случајот

January 21, 2021 08:24
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Снимки од надзорни камери на кои се гледа како непознато лице демне по дворови и згради се објавени на социјалните мрежи. Објавувачот тврди дека лицето е манијак кој во неколку наврати сексуално вознемирувал жители на Влае, објави А1 он.

Администраторката на групата „Манијак во Влае“, Елеонора Стојановиќ е една од жртвите. Таа за „А1он“ вели дека го затекнала момчето како стоело на портата од нејзиниот двор, избегало по нејзината реакција, па повторно се вратило. По нејзиното сведоштво, снимки испратила и друга жена, која била набљудувана пред зградата во која живее. Тој настан се случил минатата година, а од видеото се гледа како маж го покажува половиот орган, а потоа бега од пред влезот. Заедничко за двата случаи е тоа што се случиле во ноќните часови.

Стојановиќ, која е жртва на лицето за кое вели дека е манијак, објаснува дека мажот кој ѕирка по дворовите се вратил и по нејзиното агресивно однесување кон него. И вториот пат избегал, откако таа почнала гласно да вика. Таа за „А1он“ вели дека веќе размислува да набави нешто што ќе ѝ  послужи за самоодбрана, бидејќи смета дека пријавите во полицијата главно завршуваат со регистрирање на настанот. За снимките од видеонадзорот на кои се гледа лицето, полицијата ѝ кажала дека не се многу од помош.

„Случајот е пријавен веднаш во МВР и на местото пристигна тим кој уредно зеде изјава, остана некое време со мене на улица и ме информираше дека веќе има испратено автомобил кој патролира по населбата. Следниот ден се обратив кај соседите кои имаат видеокамери да се обидат да најдат нешто од претходната вечер“, вели Стојановиќ за А1 он.

Видеото од лицето кое го покажува половиот орган пред непознати жени ѝ го испратила станарка во зграда близу до Владата, откако го препознала истото лице од видеата. Прашана дали таа и другите жени кои се соочиле со вакви ситуации се чувствуваат безбедно, Стојановиќ вели „Сигурно не, а тоа го докажува фактот што жените кои ми ги испратија видеата и ми ги прераскажаа случките сакаа да останат анонимни“.

„Се работи за млад човек, кој е неверојатно педантен и среден, карактеристично за неговиот глас е што е малку повишен и е прилично сигурен во себе, бидејќи влегува во ризични ситуации и подготвен е со часови  да се навраќа на жртвите кои ги вознемирува. Тука ни се совпадна профилирањето на напаѓачот од Влае и Центар, а дали се работи за истото лице, навистина не би знаела да кажам. За видеото кое ми го испрати девојката, таа ми кажа дека момчето ја следело, се соблекло и почнало сексуално да ја вознемирува“, додава Стојановиќ за „А1он“.

Жителката на Влае самоиницијативно презеде активности за да ги предупреди соседите во Влае дека низ улиците и дворовите има манијак. Таа вели дека три вечери по ред, откако се случил првиот настан, на секои 15 минути погледнува низ прозорецот и размислува што да направи ако се случи истото.

Од МВР велат дека полицијата работи на расчистување на случајот.

Извор: А1 ОН 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

И хрватската актерка Дора Липовчан проговори, била силувана во детството, било доцна кога пријавила во полиција

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk