ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марин: „Аеродром – Прва општина со европско знаменце“, презентација на новата платформа

January 21, 2021 13:31
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новата платформа насловена „Аеродром – Прва општина со европско знаменце“, следните четири години Општината ќе вложува во почиста животна средина, енергетска ефикасност, подобра инфраструктура и поквалитетен образовен процес, но со практикување на европските стандарди и вредности.

Платформата и овозможува на Аеродром да се декларира како прва општина која е подготвена во целост да ги практикува европските вредности и стандарди, и да инкорпорира големи европски проекти.

Градоналникот на општината, Златко Марин на денешната презентација на платформата, посочи дека целта е да се дадат заложби на европските стандарди и да се реализира уште поамбициозна агенда.

Акцентот ќе се стави на спортот, младината, зеленилото, чистотата, мирот и безбедноста.

– Аеродром е општина со европски вредности. Тоа значи дека вложуваме во почиста животна средина, енергетска ефикасност, во подобра инфраструктура и поквалитетен образовен процес. Тоа значи дека сме општина која создава услови за раст и развој на децата и младите а се грижиме и за најранливите категории, рече Марин.

Тој појасни дека претходните три години извршени се повеќе инфраструктурни зафати кои вклучуваат нови патишта, пешачки патеки паркинзи, детски и спортски игралишта. Засадени се, како што рече, 10 илјади нови високо стеблести дрвја, направени се нови паркови на места каде што до сега беа депонии.

-Воведовме прочистувачи на воздух за сите основни училишта и градинки, а веќе три години доделуваме субвенции за печки на палети, за чистење оџаци, за велосипеди, инвертер клими со цел да се придонесе до намалувањето на загадувањето. Изградивме целосно нова градинка и дополнителни капацитети за две основни училишта. Вложивме во нова и современа опрема за нашите ученици, додаде градоначалникот.

Појасни дека статистичката платформа која ја донесоа за следните четири години ќе биде патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Најави дека ќе продолжат да инвестираат во чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од општината Аеродром.

-Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор со интернационалните асоцијации и здруженија, со институциите и граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка која ни е достапна за да обезбедиме подобро место за живеење во нашата општина, подобар квалитет на животот, посочи тој.

Раководителот на секторот за работи на градоначалникот на општина Аеродром, Александар Георгиевски на денешната промоција посочи дека за општина Аеродром е предизвик и мотив да се декларира како прва општина која е подготвена во целост да ги практикува европските вредности и стандарди и да инкорпорира големи европски проекти.

-Нашата цел е општина Аеродром да биде лидер во државата и во регионот во имплементација на европските стандарди, вредности и проекти. Програмските активности од сите сфери на општественото живеење ќе ги имплементираме преку програмата која е поделена во четири сегменти и ќе ги опфати сите аспекти на современото живеење, рече тој.

Додаде дека стратегиската платформа во целост се вклопува и инкорпорира на програмските определби и политики на Владата и проектите на општината и е во целосно партнерство со европски регионални движења.

-Аеродром во соработка со еколошката мрежа на локални самоуправи и невладини организации од 1 февруари првпат во нашата држава воведува интерактивна европска методологија за одржување на јавната хигиена во општината, во директна соработка со жителите.  Проектот е преземен по теркот на градот Љубљана и Ново Место од Словенија, посочи раководителот.

Како што рече, општината ќе продолжи со замена на депониите со зелени оази во директна соработка со заедници, притоа ќе се создаваат природни филтри за чист возудх, а ќе се раззеленуваат постоечките средини и нови садници. /МИА/

Next Post

Шахпаска: Сосотојбата во градинките е стабилна, се бара можност за зголемување на бројот на деца кои се згрижуваат во јасли

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk