ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ FRONTACTION

Владанка Димковска: Инфодемијата е болест – Прочитај, провери, сподели

January 22, 2021 19:56
in FRONTACTION, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Владанка Димковска

Владанка Димковска

Share on FacebookShare on Twitter

#Frontaction

Живееме во време полно со информации -од секој агол, ОП сме сведоци на некакви вести – за жал се повеќе лажни.

Некогаш се прашувам дали сценаристот на Black Mirror e инспириран од секојдневниот живот, или секојдневниот живот се инспирира од Black Mirror.

Како и да е, ние сме генерација која е жртва на информација. Мое лично мислење е дека информацијата може да е злато – но во исто време и блато, доколку е сервирана лажно.

Низа умови се жртви на секојдневни непроверени информации, од најбанални теми ” Како да ослабнете за 5 дена” до сериозни теми во кои се зборува за суштински работи кои можат да загрозат нечиј живот ( сведоци сме на многу такви “натписи” во време на пандемијава).

Moже да се каже дека е среќа што големите социјални мрежи како Фејсбук и Твитер влегуваат на голема врата да ги заштитат своите корисници од лажни вести, но и да го стопираат ширењето на истите.

Лажните вести се штетни за нашата заедница, го прават светот помалку вистински информиран и ја уништуваaт довербата, всушност го прават нашиот свет хаотичен – и веќе вистината нема вредност. Дури се почесто во нашата инфодемија се поставува прашањето ШТО Е ТОА ВИСТИНА. Тоа не е нов феномен, постои уште во минатото и служи за исполнување на некоја цел било да е политичка или социјална но едно е факт дека сите ние – технолошки компании, медиумски компании, редакции, наставници, уметници, актери, режисери сите – имаме одговорност да го дадеме својот дел во решавањето на овој феномен.

“Кога станува збор за борба против лажни вести, еден од најефикасните пристапи е отстранување на економските стимулации за трговците со дезинформации. Откривме дека многу лажни вести се финансиски мотивирани. Овие спамери заработуваат пари маскирајќи се како легитимни издавачи на вести и објавувајќи измами што ги тера луѓето да ги посетуваат нивните страници, кои најчесто се главно реклами.” – информираат од компанијата Фејсбук.

Во истражувањето што го направив по повод дали и како Твитер и Фејсбук не заштитуваат од лажни вести открив дека се во процедура на градење и тестирање на нови производи за да го идентификуваат и ограничат ширењето лажни вести.

Но во сите податоци тие истакнуваат дека  не можат сами да станат арбитери на вистината – и дека   не е изводливо со оглед на нивните размери и на нивната улога како таква во општеството.

И се во право, сметам дека секој еден поединец има одговорност кон инфодемијата која се шири на социјалните мрежи а и во животот општо. Како што сакаме озборувањето да престане, така сакаме и лажните вести да ги снема – зарем не е тоа едно исто?

Во сржта на човекот е да измислува и да создава приказни ( како актер – мојата суштинска професија е тоа) но, не под губење на моралната капа на вистината како таква.

Наша цел како млада генерација надежни борци е да станеме бранители на вистината и на фактот, и нов вид вакцина против инфодемијата која ни се случува.

Прочитај, провери, сподели.

 

 

Ве сака,

Вашата В.

 

камера: Атанас Петровски
монтажа: Б. Ј.

 

 

 

 

Next Post

СЗО следната недела ќе разгледува одобрување на две кинески вакцини

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk