ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

January 24, 2021 13:56
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Општина Центар на последната, 59-та седница покрај останатите точки, ја усвои и Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Центар.

„Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество е изработена во рамки на националниот проект за Меѓуетничка интеграција на млади во образованието, кој е поддржан од Министерството за образование и наука, финансиран од USAID, а го реализира Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО).  Во првата фаза (во 2019 година), овој проект беше спроведен во вкупно 15 општини, а во 2020 година Општина Центар влезе во втората фаза, односно во следните 15 општини кои треба да ја изработат општинската Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието во траење од 5 години. Унапредувањето на мултикултурализмот и интеркултурализмот, меѓуетничката интеграција и сузбивањето на стереотипите и предрасудите се планираат во годишните програми за работа на училиштата.“, известуваат од Општина Центар

Стратегијата содржи конкретни задачи, мерки и проекти кои Одделението за образование на Општина Центар ги концепираше во соработка со училиштата, експерти од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и менторска поддршка, посети и дискусии со претставници на Град Скопје.

„Комисијата имаше задача да изработи Стратегија на Општина Центар за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество, како и Акциски план на Стратегијата, врз кој ќе се темелат акциските планови на основните училишта во општината. Истовремено, Комисијата ќе работи на обезбедување финансиска и логистичка поддршка, учество во реализацијата и следење на МИО активностите и младинските иницијативи во училиштата, информирање на јавноста, изработка на Годишни извештаи од имплементацијата на планот за мерење на постигнувањата во областа на интегрираното образование на подрачјето на општината и доставување на збирни извештаи до градоначалникот и Советот на Општина Центар.“, стои во извествањето од Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, предложи Нацрт – Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество да биде разгледана и во целост усвоена. Откако советниците ја изгласаа, Одлуката ќе биде објавена во Службен весник на РСМ, истата ќе стапи на сила и ќе започне со реализација.

Next Post

(ВИДЕО) Пронаједно закопано оружје и муниција во атарот на село Блаце

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk