Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони излезе од болница во Милано, каде беше примен откако падна на конгресот на Европската народна партија во Загреб.
Неговиот син рече дека татко му се чувствува добро.
Италијанската агенција Анса потсетува дека Берлускони (83) падна во петокот во Загреб и дека при тоа се здобил со неколку модрици.
Примен е во болницата „Мадонина“ во Милано, каде лекарите проверуваа дали имал скршеници.
Во последно време Берлускони има здравствени проблеми. Имаше операција на срцето во 2016 година, а годинава два пати е опериран од кила и од опструкција на црева.