ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Македонскиот јазик е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, негирањето е од политички причини (ВИДЕО)

January 25, 2021 11:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески заслужува најголема почит и благодарност. Заслужува, еден век од неговото раѓање, 2021-вата да биде година во негова чест.

Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во обраќањето преку видео-порака на отворањето на Зимската школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, литература и култура, којашто започнува денеска и е првата активност за одбележување на овој голем јубилеј.

-Имам особена привилегија и чест да ве поздравам на почетокот на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Верувам дека задоволството кај сите нас е уште поголемо, што овој настан се одвива токму во годината во која одбележуваме едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески, вели претседателот Пендаровски.

Впрочем, како што посочува, 2021-та  ја прогласивме за година во чест на Блаже Конески и сите релевантни институции од областа на културата, науката и образованието ќе бидат вклучени во реализација на активности и проекти поврзани со оваа значајна годишнина,

– Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура кој зад себе има веќе пет и пол децениска традиција со повеќе од петстотини учесници од шеесетина земји од сите меридијани на светот, нагласува претседателот на државата.

Изразувајќи благодарност до сите учесници, Пендаровски вели дека тие придонесуваат за меѓународна афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

Согласно актуелната ситуација со пандемијата, како и во случајот со минатогодишната летна школа така и сега, како што истакнува Пендаровски, сите настани се онлајн.

Шефот на државата изразува надеж дека наскоро по започнување на процесот на вакцинирање,  човештвото, во целина, ќе излезе како победник во борбата со Ковид 19 и полека ќе се вратиме на нормалното секојдневие, така што, следната школа ќе може, согласно традицијата, да биде одржана во Охрид со физичко присуство на сите учесници.

-Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, импресиониран сум од сите предвидени настани и програмски содржини. Се радувам што токму преку првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чии рамки е и Филолошкиот факултет кој го носи името на Блаже Конески, практично прв започнува со активности за одбележување на големиот јубилеј, вели Пендаровски.

Next Post

Борел: ЕУ ќе одговори на апсењата во Русија

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk