ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Aмбицијата може да биде и токсична

January 25, 2021 18:52
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН

Неретко ги користиме зборовите амбиција и аспирација како да имаат исто значење, но помеѓу нив постои мала разлика.

Обично, аспирацијата може да се толкува како желба или стремеж кон нешто, без разлика колку е мало, додека амбицијата повеќе значи желба за слава или поголема моќ.

Токму поради ова, желбата за моќ, односно амбицијата, лесно може да стане токсична.

Нормално, нема ништо лошо во тоа да сонувате големо, но важно е да препознаете кога овие соништа повеќе ви прават штета отколку што ви користат.

Постојат неколку знаци што го покажуваат тоа:

Не можете да уживате во сегашниот момент

Ако никогаш не сте задоволни од вашата сегашност и секогаш нетрпеливо ја очекувате подобрата иднина, заборавате нешто многу важно – вашиот живот минува, додека вие постојано работите на идните планови.

Во ред е да планирате однапред, но ако целиот ваш фокус е на тоа, никогаш нема да бидете задоволни. Секојпат кога ќе постигнете нешто, нема да можете да уживате во тоа. Веднаш ќе почнете да ја барате следната голема цел и успехот нема да ви значи ништо.

Дестинацијата ви е поважна од патувањето

Ако се фокусирате само на резултатот и не обрнувате внимание на искуствата кои ќе ве однесат до целта, нема да се чувствувате среќно.

Без разлика која е вашата цел, многу е важно кој пат сте го изоделе дотаму. Овие искуства ќе ве научат на многу и ако им обрнете внимание, можат да ви бидат и подраги од постигнатата цел.

Постојано брзате

Дали постојано брзате да го постигнете она што сакате? Во овој случај, веројатно сметате дека е потребно многу време за да видите некаков резултат, а поради тоа, постојано сте во состојба на нетрпеливост.

Ова, пак, само ви создава дополнителен стрес, од кој немате никаква корист.

Имајте на ум дека за повеќето големи цели е потребно време. Не давајте си невозможни крајни рокови и дозволете им на нештата да се случуваат со свое темпо.

Анксиозност и депресија

Поради постојаното брзање и сиот стрес, голема е веројатноста да се соочите и со депресија и анксиозност.

Вашите цели треба да ви причинуваат задоволство, а не да бидат извор на страв, тага и незадоволство.

Штом вашата амбиција ве прави анксиозни или депресивни, морате да забавите и да размислите за вашите постапки.

Љубоморни сте на туѓиот успех

Туѓиот успех не е ваш неуспех. Но, штом амбицијата станала токсична, ќе почнете да им љубоморите на сите кои ги сметате за поуспешни од вас.

Поради ова, постојано ќе се споредувате со другите и никогаш нема да бидете задоволни од себе.

Избегнувате интеракции кои не се во ваша корист

Ако им давате приоритет само на луѓето кои можат да ви помогнат да ја исполните целта, треба да размислите за вашето однесување.

Вашите амбиции се важни, но размислете дали вреди да ги уништите сите пријателства поради нив. Покрај тоа, сигурно вам нема да ви се допадне некој само да ве искористи за неговата цел, па не е добро да им го правите тоа на другите.

Next Post

Коста Петров: 2021-ва ќе биде година на економско заздравување на државата

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk