ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Модерен Холокауст

January 27, 2021 15:27
in ZOOM IN, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МАРИЈА МИТКОСКА

 

Паралелно со денот на Комеморацијата на жртвите од Холокаустот, денес одлучив да прошетам во мислите низ концентрационите логори, особено во Аушвиц, и се обидов да го видам светот подалеку од електричните двојни огради, и она што го почувствував во срцето не можам да го објаснам со ниеден текст. Денес иако не сме во некаков концентрационен логор, сепак гневот, омразата по основа на верска, етничка и сексуална припадност е насекаде околу нас. Па реков, да напишам ред, два, за да посочам колку национализмот е штетен, и за жал е втемелен во секоја пора од секој поединец во македонското општество.

Последиците од тиранското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес ги гледаме секојдневно, чувствуваме како од нас направиле националисти, наместо национално свесни луѓе!  Секојдневно по улиците среќаваме националистички, гнасни изрази од типот „ Смрт за шиптари ”, „ Мртов шиптар е добар шиптар ”, и сето ова ме прави да се запрашам дали одредени Македонци, секој поединечно, на свој начин станал афектиран од неонацистичката идеологија и кој всушност тука е виновникот? Раздорот меѓу нас е најмногу поттикнат од политиката на ВМРО, и сегашната влада од нивна страна е критикувана зошто сака да му стави крај на тој раздор, обединувајќи го народот од сите националности во државава во еден! Пипките на октоподот наречен ВМРО-ДПМНЕ, сеуште преку команди од Будимпешта допираат во секоја сфера од општеството, па дури и во Црквата, онаа која што треба да не учи на заедништво, разбирање и љубов… И денес сите нивни назначени, го поттикнуваат народот на бојкот, пасивно на омраза поради различната верска припадност, наместо на она што е потребно, СОЖИВОТ!  Но сега сум пооптимистична од било кога дека конечно почнува да му се става крај на овој раздор.

Жално е што зборот „шиптар”, „циган”, или евреин кај националистите буди некаков посебен тип на гадење и омраза, ама најжално е што буди среќа и некаква си супериорност над истите… Имаме омраза за Албанците, за Еѓипќаните, за припадниците на ЛГБТИ заедницата, впрочем за секого со кого што не можеме да се поистоветиме за некои работи и одлучуваме да го мразиме, наместо да ги прифатиме сите оние обележја кои не прават единствени и уникатни, и да имаме соживот  во едно општество поинакво од ова сега…

Сметам дека национализмот е длабоко вознемирувачки, и корен на секое зло во било кое општество. Затоа, не уживам ни малку кога ми текнува што се случувало за време на холокаустот. Но, фактот дека тој е релативно неодамнешен и скоро релевантен на многу случувања од секојдневието во цел свет, го прави многу моќна алатка за поттикнување на потенцијална саморефлексија. За мене, голем дел од вредноста во одбележувањето на холокаустот доаѓа кога ќе погледнеме во себе и ќе ги доведеме во прашање сопствените предрасуди.

*

Во чест на сите жртви од Холокаустот, и за сите оние кои секојдневно во себе умираат поради тоа што се поразлични!

 

Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Собранието со консензус го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk