ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Костадинов: Време е да добиеме независни и стручни совети на АВМУ и НРТВ со професионални и угледни членови

January 28, 2021 14:47
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформата и професинализацијата на медиумските регулаторни тела се важни за напредокот на државата и уште поголема демократизација на нашето општество. Тоа граѓаните го очекуваат и го бараат. Како предводници на парламентарното мнозинство должни сме и посветени да го обезбедиме овој реформски процес.

Ова го истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес конференција, истакнувајќи ја важноста за донесување на нов Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку кој, како што нагласи Костадинов, Советот на АВМУ ќе добие независен, професионален и стручен состав

Костадинов потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ зад неразумните блокади за изборот на членови на Советот на АВМУ како и членови на Програмскиот совет на Националната радио телевизија, се крие само партиски интерес и политика на отпор кон реформи и професиноални институции.

„Изборот на членови на Советот на АВМУ како и членови на Програмскиот совет на Националната радио телевизија премногу долго се одложуваше поради неразумни блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Зад овие блокади се крие само партиски интереси и политика на отпор кон реформи и професиноални институции.

Време е, овие две важни тела за медиумите да добијат нови состави од независни, професионални, угледни членови, докажани во своите области.

Потребата од јакнење на капацитетите и зголемување на професионалноста на Националниот сервис беше нотирана и во Извештајот на Европската комисија и редовно е дел и од извештаите на меѓународната организација „Репортери без граници“.

Професионализацијата на Агенцијата и Националниот сервис, нивно ослободување од партиските стеги, е од особено значење за медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.

Собранието и во случајот на избор на кадри на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, покажа висок степен на подготвеност и капацитетност. Овие важни тела добија силни, независни, професионални состави.

Така ќе биде и со изборот на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на НРТ. Низ инклузивна, транспарентна и отчена постапка ќе се изберат најдобрите решенија кои ќе гарантираат професионалност и независност.

Повикувам на одговорност од сите пратеници. Наместо блокади и бојкоти да застанат зад овој предлог-закон и реформите да продолжат. Затоа што тие се во интерес на државата, на граѓаните, на медиумите, на целото наше општество.“, рече Костадинов.

Костадинов вели дека не знае зошто не е закажана комисијата на која ќе бидат разгледани измените на Законот, што се носат по скратена постапка.

За реакциите на здруженијата на новинарите и синдикатот за менувањето на законот, рече дека заедничка цел на сите е  професионалзиација и департизација на регулаторните тела.

– Добро е што имаме заедничка цел со здруженијата, а тоа е конечно да се спроведе една таква реформа, професионализација  и департизација на едни така важни регулаторни тела. Ќе повторам дека три години имавме можност конечно да ја спроведеме. За жал, додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Комисијата за избори и именувања немавме успешен оглас во однос на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ. Јас ги уверувам граѓаните, особено медиумските работници дека воопшто не треба да стравуваат дека наводно влегуваме во сива зона затоа што веќе имаме докажано дека во еден транспаретен процес сме избирале едни многу важни тела во оваа држава, рече Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.

Костадинов потенцира дека останува јавната дебата за изборот на членовите на овие тела и смета дека можност за учество ќе имаат сите.

-Но, секако дека нема да дозволиме повторно ВМРО-ДПМНЕ само заради лични хирови да ги опструира така важните процеси, рече Костадинов.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер“ на Попова Шапка

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk