ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неблагодарно е да се коментираат состојбите во „Монструм“, вели Јовески

January 28, 2021 16:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА

За случајот „Монструм“ во овој момент е неблагодарно јас да зборувам со оглед на тоа дека предметот се наоѓа во една деликатна фаза, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на собраниската седница за пратенички прашања.

Тој потсети дека јавниот обвинител пред неколку дена ги изнесе завршните зборови, а за десетина дена, како што рече, тоа ќе го направи одбраната.

-Моето коментирање на определени докази, факти, околности во врска со конкретниот предмет може да значи влијание врз независната власт,  врз судската власт, рече Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм“ од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на прашањето зошто Обвинителството дало предлог по жалбите на обвинитетите, едноставно, како што рече, таа одлука ја носи Врховниот суд.

-Врховниот суд процени дека определени факти, околности и докази треба повторно да се изведат, на нов главен претрес, укажа на тоа и судот постапи по овие задолжителни упатства од Врховниот суд. Според тоа нема елементи и основи за никаква одговорност во конкретниот случај, рече Јовески.

Нагласи дека во овој момент е многу неблагодарно да се коментираат состојбите во предметот, додаде да се почека одбраната да ги изнесе своите завршни зборови, да ги анализира доказите.

– А тоа како Обвинителството гледа на изведените докази на главниот претрес, анализата и делот на одговорноста, и јавноста е запозната преку завршните зборови на јавните обвинители кои го застапуваат предметот, рече Јовески

 

/МИА/
Next Post

Приведени четири лица кои се директни учесници во „Јавна соба“, потврди МВР

НАЈНОВО

Охридското Езеро порибено со ендемичниот вид пастрмка обезбедена преку вештачки мрест

August 15, 2025

Мицкоски вели дека ограничување на маржите кај големите маркети не е решение, но додава – тоа не значи дека ќе толерираме дивеење на цените

August 15, 2025

МВР и Службен весник поврзани со дигитална платформа за побрзо објавување изгубени лични документи и добивање нови

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk