Микробиологот д-р Никола Пановски во врска со појавата на новиот сој на вирусот истакна дека е малку неверојатно да се погоди тој сој на вирус. Епидемиолошката анкета ја кажува Институтот за јавно здравје и дека не смее да се излегува со предвремени и непроверени информации. После 29 декември, имавме празници, отворање на ресторани и би се очекувало да има пораст на бројот, смета доктор Пановски.
„Ако е тој во декември, логично е да бил присутен и во ноември.“ – вели доктор Пановски.
Во однос на вакцините, доктор Пановски изјави дека неофицијално има податок, не од кинеска влада, туку од фирма дека му понудила на министерството пред 45 дена предлог за Синовак вакцината да се донесе за 15 дена, но цените се интересни. Ако сакате да купите во декември, треба да платите повеќе.
„Можеби е добро кој ризикува да ги купи овие вакцини, но ова е неофицијално, а вакцината чини 43.4 долари, две дози се 90 долари, Синофармак е преку 100 долари две дози, Фајзер е 40 долари, Спутник е 20 долари, Модерна е 66 долари, Астра Зенека е 8 долари, значи сите по две дози и Џонсон и Џонсон е 10 долари и се дава само една доза.“ – вели Пановски.
Не смее да се случи сите од болница да се вакцинираат истовремено во една болница, како што е случај во Америка, вели Пановски, зошто е нормално да се има реакција.
Извор: ТВ 24