ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Договорот со Фронтекс се уште не е потпишан поради резервите на Бугарија за формулацијата „македонски јазик“

January 29, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За потпишување на договорот на Северна Македонија со Фронтекс постои очигледен интерес и во самата Европска Унија ова прашање да се регулира, со оглед на нашата георгафија. Мигрантската криза 2015 и 2016 година, балканската рута и специфичната територија, ја прави македонската граница важна за ова прашање, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

-Договорот не е потпишан. Ние бевме меѓу првите земји што ги затвори суштински и содржински преговорите во однос на правата, обврските, одговорностите од Фронтекс. Главното и последно прашање е ова што сега се јави со овој сегашен предизвик, односно македонскиот јазик, тоа што Бугарија има резерва во однос на формулацијата македонски јазик, рече Димитров.

Од друга страна, посочи Димитров, нашата позиција е дека овој договор како и договорите со сите други држави, што го имаат потпишано на српски, на црногорски јазик…, треба да биде потпишан и на македонски јазик.

МИА во декември минатата година, побара одговор од Европската комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, при што одговорот беше проблемот е употребата на „македонски јазик“, јави тогаш дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против „нелегалната миграција“ на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута“. Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и Србија. Со Северна Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија. Од Европската комисија МИА во декември го доби следниот одговор на прашање до каде е потпишувањето на договорот: -Референцата „македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти“, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА. Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.

Next Post

Министерот Филипче се сретна со новоназначениот јапонски амбасадор Савада

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk