Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска на својот фејсбук профил силно го осуди скандирањето „УЧК” на вчерашниот протест за случајот „Монструм“. „Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на помирувањето”, напиша тој.
Заради надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Министерката Шахпаска повторно ги охрабрува жртвите на насилство. Доколку сте жртва на насилство или пак познавате некој што е, не чекајте, секоја минута е важна, пријавете!, напиша таа на Фејсбук.
Министерот за правда Маричиќ разговараше со една од жртвите на групата „Јавна Соба“. Се подготвуваат нови законски измени, во нив меѓу другото се додава член, во кој се вметнува терминот „Демнење“ и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
Како резултат на преземените активности на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Македонската компанија Innovation создаде безжичен уред ECG Alert со кој освен што се следи работатата на срцето, се мери и нивото на шеќер во крвта, без боцкање.
ФРОНТ:
Порака до националистите по протестите за случајот „Монструм“– пишува Петрит Сарачини/Цивил Медиа





