ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Нова акција на Штип Арт активисти: „Сонот на Штипјани“ за ѓубрето, небезбедните булевари, осветлувањето…

January 30, 2021 18:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена нова акција од страна на Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”, информираат од Мета.мк.

„Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење“, велат тие. 

Во најголем број граѓаните укажале на проблемот со нечистотијата и ѓубрето, не безбедни пешачки премини и немањето на рампи за инвалидни лица, небезбедни булевари, тротоари кои служат за паркинг наместо за пешаци, осветлување на улици, потребата од зелени површини, функционални и безбедни детски игралишта и недостаток на кино. Сонот на штипјани се да нема сообраќаен метеж и имаат проодни и безбедни булевари и тротоари, чиста животна средина, повеќе зелени површини за рекреација и кино. 

„Овие соништа за поубав, почист, безбеден и зелен Штип, ги прикажавме преку поставени табли низ локации во градот каде граѓаните во истражувањето ги потенцирале како проблематични“, се вели во соопштението на Штип Арт Активисти.

Тие апелираат на свесност и кај самите граѓани од Штип, поаѓајќи од фактот дека сообраќајната култура, солидарноста со пешаците и нивната безбедност, ѓубрето расфрлано низ градот, е и нивна одговорност.

„Апелираме до јавните претпријатија во градот и самата Општина на поголема грижа за чист и зелен град, осветлување на улиците, санкционирање на несовесните возачи кои ги користат тротоарите за паркинг и узурпираат простори наменети за пешаци, побезбедни и прегледни булевари за поголема безбедност во сообраќајот и нови зелени површини наменети за рекреација“, велат Штип Арт Активисти.

Тие напоменуваат дека поставените реквизити се од биоразградлив материјал и единствен начин да укажат за сонот на штипјани за поубав Штип. 

Next Post

Битиќи: Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk