ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Ракометари и продавачи на „Лице в лице“ заедно ја одбележуваат Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

February 2, 2021 09:50
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ракометарите од Македонската ракометна супер лига членови на „Вардар“, „Металург“, „Пролет“ и „Прилеп“ неделава ќе им бидат главна поддршка на продавачите на единственото улично списание во земјава „Лице в лице“, во рамките на одбележувањето на  Меѓународната недела на продавачи на уличен печат што трае од 1 до 7 февруари.

Станува збор за Глобален годишен настан чија цел е славење на работата на продавачите на уличен печат и поттикнување на јавноста да размислува за предизвиците и проблемите со кои што тие се соочуваат, како бездомништво, социјална исклученост, сиромаштија.

Ракометарите Мартин Серафимов, Момир Рниќ и Златко Хорват од ракометниот клуб (РК) „Металург“, Хари Павлов, Христи Бикоски, Хазеин Рустамов од РК „Прилеп“, Дејан Пецаковски и Михаил Аларов од РК „Пролет“ и Кристијан Дисингер од РК „Вардар“ заедно, тимски, и во спортски дух, под слоганот „Биди фит – вежбај го умот“, низ секојдневни средби со граѓаните, ќе ѝ се обратат на јавноста во Скопје, Струга и Прилеп, со цел да укажат на вредностите кои се неопходни за успех во нивната работа: јасна цел, упорност, постојана работа на себе, но, и поддршка од публиката, од трибините или од читателите.

Целонеделниот настан за славење на работата на продавачите на уличен печат предвидува бројни средби со граѓаните, кои ќе имаат можност да се дружат со продавачите, да се сретнат со содржините на актуелното издание на „Лице в лице“, но, и да се фотографираат со познатите ракометари, од кои, пристигнува главната поддршка.

На спортистите ќе им се приклучат и други јавни личности и инфуленсери од земјава, а сите новости врзани за нивното учество, и воопшто за Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, ќе бидат споделувани и на социјалните мрежи на „Лице в лице“ на: Инстаграм (@licevlice) и на ФБ страната.

Меѓународната недела на продавачи на уличен печат нема официјален глобален предзнак, туку се одбележува по иницијатива на уличните списанија, членки на Меѓународната мрежа со седиште во Глазгов. Нашата земја, овој настан, кој ја слави работата на продавачите, ќе го одбележи по 9-ти пат, при тоа, почитувајќи ги сите протоколи на заштита.

„Лице в лице“ е улично списание кое излегува од септември 2012 година и го промовира моделот на социјално претприемаштво. Продавачи се ранливи сограѓани, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) е директна заработка за продавачот (доколку го купите списанието директно од продавач или преку негов код), или се вложува во фондот за социјално менторство – поддршка на продавачите за градење вештини и за нивно вклучување на отворен пазар на труд. Останатата половина се вложува во создавање нови содржини, развој и надградба на дигиталната платформа и за печатење на печатеното издание.

Во земјава се регистрирани 35 улични продавачи на „Лице в лице“ во Скопје, Битола, Струга, Неготино, Тетово и во Куманово.

Next Post

Психолог Хаџиванова: Сексуалните предатори долго ги подготвуваат жртвите за грозоморниот чин

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk