ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Осудениот сексуален грабливец од Србија почнал со отслужување на затворската казна

February 2, 2021 10:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Милутин Јеличиќ Јутка, бивш претседател на општината Брус во централна Србија, од 25 јануари почнал со отслужување тромесечна казна затвор во КПЗ Ќуприја, извести весникот „Данас“. Тој е осуден за недозволени полови дејствија против бившата вработена во општината Марија Лукиќ, која покрај поднесување тужба за полово вознемирување на работно место излезе и во јавност со својата сторија.

Како што минатиот јули извести Глобал Војсис, судењето на 58-годишниот локален моќник, озлогласен по сексуално малтретирање жени кои работеле за него, се смета за првиот познат случај од движењето за разоткривање сексуално насилство „#MeToo“ во таа земја.

Марија Лукиќ, мажена мајка на две деца и дипломирана економистка, го пријавила случајот во март 2018 година, обвинувајќи го тогашниот претседател на општината за континуирано праќање 15.000 пораки со сексуална содржина по мобилен и за обиди да ја допира и бакнува на работното место. Полицијата поднела пријава за сексуално малтретирање, сексуално вознемирување и злоупотреба на службената положба.

Судот го обвинил Јеличиќ само за случајот на сексуално малтретирање на Марија Лукиќ, наспроти тоа што уште шест други жени го пријавиле за обид за присилување на непосакувани сексуални односи.

Сите тие седум жени изгубиле работа, по што не можеле да најдат нови вработувања во малата заедница во Брус. Некои од нив решиле да се преселат во други места во Србија, или во странство.

По поднесувањето на пријавата, Лукиќ била отпуштена, а општината донела одлука да го затвори фризерскиот дуќан на нејзиниот сопруг.

Во текот на речиси трите години по започнувањето на истрагата, сексуалниот грабливец прво имал поддршка од владејачката Српска напредна партија (СНС) на актуелниот српски претседател Александа Вучиќ, а потоа од Српската радикална партија на осудениот воен злосторник Војислав Шешељ, но обете се повлекле под притисок на јавноста.

Притисокот којшто преку јавни протести за негова поддршка го правеле поддржувачите на Јутка во текот на судењето довел до тоа процесот да се премести од Брус во Крушевац.

Во февруари 2019 г. Марија Лукиќ се појавила во ТВ емисијата „Животот раскажува“ („Живот прича“) на ТВ Прва, за да зборува за случајот. Но во истиот термин, кабловската компанија во нејзиниот град го прекинала телевизискиот сигнал во целата општина заради „технички проблеми“.

Официјално, причина за прекинот бил прекин на струјата во зградата во која е сместена техниката на кабелската компанија.

Според весникот „Блиц“, кој прв ја објавил сторијата на Марија Лукиќ во 2018 година, целиот нивен тираж што стигнувал во Брус бил откупуван од луѓе на Јутка како пакет штом ќе стигнел во трафиките, како форма на цензура чија цел била информациите да не допрат до локалните граѓани.

Во март 2019 година, Лукиќ добила смртни закани преку Твитер од претходно непознат маж, кој откако го пријавила во полиција се извинил, со изговор дека имал „психолошки последици“ од премногу работа. Не е познато дали полицијата спровела кривична постапка против него.

Во септември 2019 година, Јутка покренал и тужби за навреда и клевета против новинари што известувале за случајот. Прво ја тужел новинарката на „Блиц“ Ивана Мастиловиќ Јасниќ и нејзиниот уредник Предраг Михаиловиќ. Во ноември 2019 година веб-сајтот посветен на слободата на изразување во Србија „Цензоловка“ известил дека истиот политичар поднел тужба и против весникот „Данас“ за нанесување душевна болка.

Според биографијата на Милутин Јеличиќ Јутка објавена на веб-сајтот за проверка на факти Истиномер, Јутка бил роден 1962 година и од 2000 година држел низа високи политички позиции во општината. Во 2012 година бил уапсен по пријава за злоупотреба на функцијата. Судската постапка почнала дури во 2018 година и сè уште е во тек.

Во септември 2019 година, Лукиќ ја добила наградата Освојување на слободата, која Фондацијата „Маја Маршиќевиќ Тасиќ“ ја доделува на жени за промовирање на човекови права, владеење на правото, демократија и толеранција  во политичката комуникација.

Балканската истражувачка репортерска мрежа БИРН ја вброи меѓу „Хероите на 2019 година – луѓе кои преземаа акција за позитивни промени“ на Балканот. /МЕТА/

 

Next Post

Костадинов: Изворот на криминал и корупција е „Белата палата“, ова се неуспешни обиди за интерпелација

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk