ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?

February 3, 2021 08:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
навални
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Пред да побрзате со одговорот, можеби не е лошо ова прашање да го разгледате во „пакет“: ќе беше ли Русија ова што е денес (слободно изберете опис што вам најмногу ви одговара), да не беше Путин на нејзиното чело?

И двете дилеми се трик-прашања, бидејќи одговорот на овој вид на избор на алтернатива, на еден или на друг начин, се дискутира откако постои цивилизацијата како организиран облик на човечко живеење во култивирана (политичка) заедница, без да се дојде до изричит заклучок. Да ја скратам таа огромна, никогаш целосно прочитана библиотека на мислења – на пример, Георги Плеханов: „Улогата на индивидуата во историјата“, од 1898 г. – сумарната теза би можела да биде дека индивидуите влијаат субјективно врз историските настани, доколку за тоа постојат објективни околности. Што значи дека и да постојат објективни околности, промените не се задолжителни, доколку во нивното остварување не се вмешаат одредени субјекти.

Ова подразбира дека одговорот на дилемата за реформскиот (или, ако го љубите Путин, за деструктивниот) потенцијал на Навални е, всушност, проценка на објективните околности на состојбите во Русија. Тоа би била долга компаративна анализа на историските и актуелните состојби во таа земја, за која авторот на овие редови не се чувствува доволно компетентен и капацитетен да ја направи.

Но, со „голо око“ може да се види дека не јас, туку лично Владимир Владимирович Путин проценил дека Алексеј Анатолиевич Навални е доволно опасен субјект за опстанокот на рускиот објективен поредок, бидејќи со години се обидува да го убие, а како што тоа, некако, не му успева – што е, исто така, „неповолен“ симптом за состојбата на еден многу специфичен дел од поредокот во Русија – ја прифаќа алтернативата редовно да го затвора на долги престои во руските зандани, за да го елиминира личното влијание на Навални врз развојот на руското (објективно) секојдневие.

Да не е така, Навални вчера ќе излезеше како слободен човек од монтираното судење по повод неговото пропуштање на рокот да се пријави пред надлежниот руски суд, бидејќи човекот се бореше (во Германија) да го преживее – и едвај успеа во тоа – последниот државен обид за негово труење со биолошкиот отров „новичок“. Објективно, руската држава го труе, руската држава го тужи, руската држава му суди, руската држава го затвора, вознемирена заради неговата здравствена жилавост и ментална тврдоглавост да не подлегне пред напорите на руската држава за негова елиминација.

Ете, тоа е улогата на еден одважен субјект во големите историски наративи: со својот пожртвуван пример да покаже дека државата не е семоќна, дури и кога мисли дека нејзината моќ е неограничена. Проблемот е само субјектот да го „погоди“ моментот на објективните околности, за да почне да се случува посакуваната промена.

Ајде, сега, повторно: Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Лично, мислам дека не, бидејќи Путин сè уште ужива доволно широка поддршка во руската јавност за да одолее на повиците за демократски промени во руската држава.

Но, којзнае, можеби Путин подобро ги разбира од мене објективните општествени околности во Русија штом толку инсистира на субјективна елиминација на Навални од јавниот живот во земјата…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

„Јавна соба е кривично дело!“, протестен марш за неодложно и темелно расчистување на случајот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk