ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Презентирана студија за ревитализација на Водно

Студијатa е обемна, изработена од пет професори на Шумарскиот факултет и предвидува во кои делови може да се ревитализира планината со автохтона вегетација.

November 26, 2019 17:22
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје денеска ја презентира финалната Студија за ревитализација на Водно изработена во соработка со Шумарскиот факултет со која се предвидува ревитализација и пошумување на Водно за елиминирање на штетите кои настанаа поради изградба на гасоводниот крак кон Гостивар и Тетово, пренесе Слободен печат.

-Ја ставаме на увид на јавноста Студијата во која се вклопени забелешките што во меѓувреме стигнаа до нас. Очекувам после успешното усвојување да започнеме со нејзина имплементација со цел дополнително да го облагородиме Водно кое толку многу значи за нашиот град, без разлика што таму помина гасоводот, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов пред почетокот на презентацијата на студијата во салата на Советот на Градот.

Студијата, како што кажа, е обемна, изработена од пет професори на Шумарскиот факултет и предвидува во кои делови може да се ревитализира планината со автохтона вегетација.

-Во овој момент студијата е максимумот што како интелектуално знаење и познавање во оваа област заедно со невладиниот сектор можеме како држава и град да го понудиме со цел да извршиме целосна ревитализација, меѓутоа и да додадеме дополнителни вредности надвор од она што беше настанато како оштетување во пробивањето на регионалниот гасовод, рече Шилегов.

Во суштина, додаде, сите 42,9 милиони денари што се дадени од МЕР се наменски средства и ќе бидат употребени исклучиво за потребите на планината Водно.

-За нас е приоритет во овој момент да завршиме целосно со пошумување и озеленување онаму каде што е тоа возможно, бидејќи имаме делови од Водно каде што е невозможно да се посади вегетација заради составот на теренот. Откако ќе завршиме со примарните дејности ќе видиме со колкави средства располагаме и дали и во која мерка можеме да ги употребиме за евентуално освежување на планината, посочи скопскиот градоначалник.

Независно од ова, потенцира, Градот работи на една студија што ќе ја направи планината попривлечна и поатрактивна за граѓаните на Скопје, за секој од нас да има причина повеќе да отиде на Водно, да рекреира, да спортува. Мислам дека не е коректно ниту кон граѓаните, ниту кон Водно, ако го имаме на пет километри од центарот на градот да не овозможиме содржини на самата планина што ги овозможува секој современ град, а кои не значат девастација на природата, напротив нејзино облагородување. Очекувам Водно да биде многу посакувано место после имплементацијата на таа студија што ќе почне следната пролет, потенцира Шилегов.

Татјана Стојановска од невладината „Го сакам Водно” посочи дека имаат две главни забелешки на финалната верзија на Студијата за ревитализација на Водно. Првата, како што кажа, е намалувањето на зоната на заштита на Водно по препорака на експертите со образложение дека веќе е навлезено и е узурпирана оваа зона.

-Наместо да најдат начин да се забрани и казни она што е направено овозможуваат да се легализираат дивите градби, изјави Стојановска. Втората, потенцира, е степенот на категоризација и оневозможувањето на Водно да има градби.
-Уште кога слушнавме дека Градот во соработка со УСАИД ќе изработува закон за Водно побаравме да биде лекс специјалис и да ја заштити планината на соодветен начин. Потоа се предложи студијата која ние ја разгледавме темелно и имавме многу забелешки во предлог верзијата кои и официјално ги доставивме и добивме одговори кои не не задоволија. Финалната верзија е скоро иста како предлог верзијата, а нашите забелешки речиси воопшто не се прифатени и повторно остануваат, посочи Стојановска.
Нагласи дека на Водно не му требаат туристички атракции и урбанизирање на врвот, туку пошумување бидејќи луѓето таму одат да дишат воздух, а адреналински моменти, рече, може да добијат на многу други места.

Next Post

Не се дише!

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk