ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вакцинацијата ќе почне во февруари со 200.000 кинески вакцини, датумот ќе биде познат деновиве

February 4, 2021 07:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата во земјава ќе почне овој месец со 200 000 кинески вакцини, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека датумот на испорака ќе биде познат деновиве.

– Првата количина вакцини против Ковид-19, кои ќе пристигнат во земјава во февруари, ќе бидат кинеските вакцини. Целокупниот процес на имунизација, согласно веќе подготвениот систем, ќе го почнеме со тие вакцини, истакна министерот, кој рече дека прво ќе се вакцинираат сите приоритетни групи.

Министерот за здравство посочи дека сите вакцини кои се на пазарот се безбедни, но оти преговорите кои Владата ги води со „Фајзер“, и тие кои сега завршуваат со кинеската компанија се тешки и бараат многу детали, заради тоа што и самите компании се под огромен притисок.

Додека се чекаат вакцините кај нас, македонските државјани се вакцинираат во соседна Србија. Досега 73 граѓани, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на „Синофарм“ на пунктот во Врање и Бујановац. Можност за вакцинирање имаат и оние кои немаат српско државјанство.

Порталот Е-управа овозможува апликација за вакцинација на странски државјани кои немаат регистриран престој во Србија. Доволно е да имаат српски мобилен број, што досега го искористија многу државјани на Северна Македонија, за да можат да добијат смс потврда за датумот и местото на вакцинација, кој е бесплатна.

– Кога „ќе добијат српски телефонски број“, тие се регистрираат на порталот за е-Управа, каде што е можно да се вакцинираат и странци кои не живеат во Србија. Сè што треба да направите е да го внесете бројот на македонскиот или кој било друг важечки пасош. Оние кои биле вакцинирани велат дека никој во здравствените центри во Србија не ги прашал ништо или не ги проверил, а постапката траела само неколку минути, наведува БИРН.

Во исчекување на вакцинацијата, состојбата со коронавирусот продолжува да се смирува. Тоа го покажуваат и вечерашните бројки. Вчера беа регистрирани 350 нови случаи од направени 2291 тестирања. Пријавени беа вкупно 20 починати лица од кои 14 од Клиниката „Жан Митрев“, кои починале во периодот од 4 до 30 јануари оваа година и шест пациенти починати во текот на завчерашниот ден. Најмладото починато лице е 35-годишен пациент од Кавадарци.

Во претходното деноноќие, беа регистрирани и 266 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831. Најмногу активни случаи има во Скопје – 3972. Во другите градови се под 400 активни.

Бројот на оние кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е речиси трипати помал во однос на декември 2020 година. Вкупно хоспитализирани се 568 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 328 пациенти, а во главниот град 240 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во светот досега се заразиле над 104 милиони луѓе, починале околу  2,3 милиони и оздравеле над 76,4 милиони лица.

Од Женева вчера пристигна информацијата дека програмата КОВАКС ќе обезбеди 330 милиони дози вакцини за неразвиените и земјите во развој. Предвидено е вакцинте да бидат дистрибуирани до крајот на првата половина од годината.

Вакцините преку КОВАКС ќе бидат наменети за околу 3,3 отсто од населението во 145 земји кои се опфатени со Програмата.

Околу 240 милиони дози вакцини ќе бидат набавени од АстраЗенека, произведени од индиската компанија Серум Институт, 96 милиони дози ќе бидат произведени во погоните на АстраЗенека и 1,2 милиони дози од Фајзер.

Меѓу првите земји што ќе добијат вакцини преку програмата КОВАКС ќе бидат Јужна Африка, Зеленортските Острови и Руанда.

Угледно научно списание „Лансет“ завчера објави дека „Спутник V“ е безбедна и ефикасна вакцина што обезбедува целосна заштита од тешки случаи на Ковид-19. По повеќемесечно истражување на руските имунолози, во кое учествувале 19.866 волонтери, третата фаза на клиничките испитувања е завршена со што се потврди ефикасноста на вакцината од 91,6 проценти.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера ја поздрави високата ефикасност на руската вакцина./МИА/.

Next Post

Власта вели дека може да се размислува за попис во мај или јуни, опозицијата бара да се одложи за догодина

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk