ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Директоратот за клима на ЕК ги препознава напорите на Владата за справување со климатските промени

February 4, 2021 11:56
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА

Министерот Нуредини одржа виртуелен состанок со Mауро Петричионе генерален директор на Директоратот за клима на Европската Комисија на кој се зборуваше за напредокот на државата во развивањето на климатските политики во правец на редуцирање на стакленичките гасови, потребната праведна транзиција кон чиста енергија и општо подобрување на животната средина, што на долг рок значи помалку целокупни трошоци и повеќе зелени работни места, известуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На состанокот, министерот Нуредини информирал за чекорите кои МЖСПП ги презема во насока на усогласување на својата правна и стратешка рамка со таа на ЕУ, како и за статусот на имплементацијата на препораките од страна на ЕУ во областа клима. Генералниот директор Петричионе изразил подготвеност Директоратот за клима, во рамките на своите капацитети, да помогне во дообликувањето на конечното национално законско решение и страшката рамка за климатска акција.

Министерот Нуредини, исто така, сподели информации за напредокот на владината постапка за усвојување на Третиот двогодишен извештај за климатски промени и засилениот национален придонес кон Договорот од Париз, како два многу важни документа за поставување на патеките за декарбонизација на државата. Препознавајќи ја активноста на Владата и МЖСПП во оваа област, генералниот директор Петричионе упати пофални зборови  посочувајќи ја Република Северна Македонија како најпозитивен пример во регионот во креирање и имплементирање на политиките за зелен раст и развој, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Next Post

Пладневен преглед: Вулгарности и повици за насилство кон новинарката Тања Милевска, Димитров за Милошоски- човек што речиси секојдневно е демантиран од ЕУ поради шпекулации...

НАЈНОВО

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk