ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гордана Гоџо ја манипулира јавноста, филмот „Songbird“ не е направен пред пандемијата со Ковид-19

February 4, 2021 14:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот за филмот „Songbird“ беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година, пишува Вистиномер.мк.

Пост на Фејсбук преку кратко видео од филмот „Songbird“ ја манипулира јавноста дека пандемијата со ковид-19 не е случајна и дека сè било однапред испланирано, а тоа се гледало и во посочениот филм. Постот за кратко време стана релативно вирален и дента кога е правена оваа рецензија има околу 40-ина интеракции.

„Филмов е пред Ковид. Сме гледале многу вакви слични филмови, да. Но, интересно е што во филмов вирусот се вика КОВИД-23. Стопирајте на сцената кога има вести на телевизорот и ќе видите.
Случајно?“, се вели во објавата од Гордана Гоџо.

Не, не е ништо случајно и не, филмот не е направен пред пандемијата со ковид-19, како што се тврди во објавата, објаснува Вистиномер.мк.

Имено, филмот е прилично нов, од 2020 година. Проектот за филмот беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер филм од категоријата научна фантастика, базиран токму на пандемијата од ковид-19. Дејството во филмот се одвива во 2024 година, кога вирусот ковид-19 мутира во ковид-23 и светот се наоѓа во четвртата пандемиска година. Режисер на филмот е на Адам Мејсон.

„Songbird“ беше објавен преку ЈуТјуб Премиум, претплатничкиот сервис на Јутјуб, на 11 декември 2020 година и доби спротивставени критики – од тоа дека станува збор за пристоен трилер, претставник на жанрот, до оценката дека е плиток и дека главната цел на филмот е да биде прв игран филм на темата ковид-19, заради што е жртвуван квалитетот, пред сè, квалитетот на самата сторија.

Настрана критичките разијдувања за квалитетот на филмот, она што нас овде не интересира, тоа е периодот на неговото снимање и креирање воопшто, при што на таа тема јасно се изјаснува филмскиот критичар на лондонски „Гардијан“:

„Ова е прв голем холивудски трилер, создаден не само во време на пандемија, туку и на тема на самата пандемија, факт кој го издигнува на повисоко ниво овој сосема солиден трилер во нешто уште позабележително, нешто што ќе биде проучувано со текот на годините.“

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е неточен, пред сè, неточна е информацијата во која се вели дека „филмот е пред ковид“. Причината за неточното временско лоцирање на филмот, односно дали зад грешката имало некаква намера, или, пак, станува збор за „искрена грешка“, е тешко да се открие. Но, она што треба да се потенцира, тоа е фактот дека за периодот на креирањето на филмот нема ништо нејасно, никаков заговор, ниту, пак, станува збор за однапред измислена и испланирана пандемија, пишува Вистиномер.мк.

Next Post

Маричиќ: Резултатите од пописот ќе им бидат потребни и на идните градоначалници

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk