ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Travelers Cycling – веб апликација што им помага на велосипедистите полесно да стигнат до целта

February 4, 2021 21:18
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Паркинзи, патеки, пумпи, сервиси, чешми и препреки за велосипеди се собрани на едно место за градовите Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Берово и Прилеп во веб апликацијата Travelers Cycling. Станува збор за идеја разработена од група вљубеници на велосипедизмот во земјава, при што апликацијата е единствена од ваков тип во земјава и има за цел да им помогне на велосипедистите полесно да стигнат до својата цел, информира Мета.мк.

„Велосипедската мрежа е поделена на неколку категории, меѓу кои се велосипедските патеки, тротоари / улици по кои е безбедно да се вози велосипед, а претставуваат конекција на две велосипедски патеки, планински (off-road) патеки итн.“, велат ентузијастите од Travelers Cycling.

На апликацијата може да се пронајде и најблискиот паркинг за велосипеди, локација на јавните сервиси за поправка на велосипеди, како и локација на воздушни пумпи кои воглавно се наоѓаат на бензиските станици.

„При креирањето на апликацијата, првенствено ги вклучуваме најпотребните информации за еден велосипедист, како на пример локацијата на фонтани / чешми кои знаат да бидат доста значајни во текот на летните денови, и известување на пречка или времен прекин на одредена велосипедска патека. Најголем дел од податоците ги поседуваме со сопствено прибирање на податоци, но одреден дел од информациите ги добиваме од следбениците и соработниците кои од ден на ден ги има во се поголем број“, објаснуваат од Travelers Cycling.

Апликацијата е целосно непрофитабилна и единствена цел и е да ги мотивира луѓето што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, со што би се зголемила сообраќајната култура, би се намалил сообраќајниот метеж по улиците, а како резултат на тоа би се намалило и самото загадување на воздухот.

Исто така, во делот „блог“ може да се најдат информации и новости поврзани со велосипедизмот, како и совети за избор, правилно користење и одржување на велосипедот.

Next Post

Што прави Мицкоски на шестиот кат?

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk