ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Пописот мора да се спроведе пред летото, смета Јанчев, работодавачите кои се огрешиле од законот да завршат во затвор бара Димовски, бојкотот на средношколците прекинува од утре

February 5, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Митко Јанчев / фото: М. Ивановска/ЦИВИЛ

Митко Јанчев / фото: М. Ивановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев смета дека попис мора да се спроведе и дека најидеално време за тоа е пред летото, бидејќи во лето тешко се изведува, а на есен има локални  избори.

Бучковски за телевизија Телма потврдил дека е договорено од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, да се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски Телеком, во кој државата има свој удел. Истовремено, сателитскиот канал на Македонската телевизија да се реемитува на бугарските телевизиски оператори.

Лидерот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски потенцира дека работодавачите што се огрешиле пред Законот и украле пари треба да завршат во затвор.

ФРОНТ: Кој вели дека не може и поинаку? Колумна од Сашо Орданоски

Бебе се удави при крштевање во Романија, Црквата не сака да го смени ритуалот. Шест недели старото бебе доживеа срцев удар и итно беше пренесено во болница, каде почина неколку часа подоцна, а обдукцијата покажа дека момчето има вода во белите дробови. Обвинителството започна истрага против свештеникот во североисточниот град Сукеава.

Со поддршка на ФИТР реализиран проектот за интелигентни лежечки полицајци. Оттаму известуваат дека оваа иновација беше наградена и на меѓународен натпревар во Тајван.

Преку КОВАКС механизмот, Северна Македонија ќе добие 103.200 дози вакцини против Ковид-19, од вкупно 337,2 милиони, кои оваа Иницијатива на ОН планира да ги испорача во првата половина од годинава во 145 земји во светот.

(ФОТО галерија) Скопјани на велосипед во зима. Скопје, полека но сигурно станува град кој ја добива потребната инфраструктура за користење на своите велосипеди како превозно средство дури и во зимскиот период од годината.

Пописот ќе донесе прецизни и целосни податоци за сите структури во општеството. Во денешното соопштение од СДСМ се посочува дека има капацитет и подготвенот од страна на Државниот завод за статистика, да го спроведе пописот по цели 19 години.

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот.

Заменик-главниот лекар на болницата во Омск, Русија, каде што првично се лекуваше опозицискиот лидер Алексеј Навални, почина ненадејно.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

(ВИДЕО) Дебата во Собранието за реформите во образованието

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk