ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Данас: На југот на Србија вакцинацијата официјално е можна само за оние со српски документи

February 5, 2021 16:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден во здравствените установи во Врање и Бујановац не беше можно да се добие официјална потврда или демант на информациите дека на југот на Србија е можно да се вакцинираат граѓани на Северна Македонија и од Косово, дури и оние што немаат српски документи или престој на нејзината територија, јави дописникот на МИА од Белград.

Д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Врање, за белградскиот весник „Данас“ изјави дека вчера бил „бомбардиран со новинарски повици и мејлови од неколку редакции во Белград со овој проблем“.

-Право да се вакцинираат имаат граѓаните на Србија и тоа е она што го знам, изјави кратко епидемиолог од Врање.

Неофицијално, според „Данас“, вакцината во Здравствениот дом во Бујановац ја примиле само „оние граѓани на Северна Македонија со двојно државјанство“, како и дека „вакцинирани се само оние граѓани на Косово со важечки српски документи, најчесто со лична карта. “

-Невозможно е да се потврди дали имало злоупотреба на личните документи. Претходно, претседателот на општина Бујановац, Нагип Арифи, во изјава за печатот ги негираше обвинувањата за вакцинација на Албанци од Косово.

Во Врање може да се слушнат различни приказни поврзани со вакцинирањето на македонски граѓани, почнувајќи од фактот дека вакцинацијата се наплатува „70 евра по доза“, до употребата на „пасоши на српски граѓани што лекарите не ги проверуваат”. Проверката на овие тврдења вчера беше официјално невозможна за дописниците и на националните медиуми и на локалните медиуми.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, вчера за медиумите изјави дека во Србија нема масовна вакцинација на македонски државјани и дека граѓаните кои имаат двојно државјанство можат да ја примат вакцината во Србија.

– Луѓето од ИТ секторот на Владата на Србија, кои ја водат е-управата, строго се грижат за тоа. Приказните за масовноста на граѓаните од Северна Македонија кои се вакцинираат се дезинформација. Постојат луѓе кои имаат двојно државјанство, и тие навистина го користат тоа право, и јас не гледам тука ништо лошо. Постојат индивидуални случаи, но ова е занемарливо. Да се зборува за масовна вакцинација е дегутантно, изјави Ѓерлек.

Тој посочи дека постои група на странци кои се во фаза на добивање адреса на престој во Србија, така што образецот за пријава за ваккцинирање остава можност и тие да аплицираат.

-Досега се пријавени над 8.000 странци (со регулиран престој), а вакцинирани се околу 4.000 од нив, што е само 0,8 отсто од вкупниот број вакцинирани, изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-управа, Михаило Јовановиќ.

Next Post

Регистрирани нови 314 случаи со Ковид-19, осум починати, 210 оздравени

НАЈНОВО

Само четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

November 3, 2025
Скриншот

Хаити во тридневна жалост по ураганот „Мелиса“

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk