Во изјава дадена денеска во Белата куќа по консултации со неколкумина демократски лидери, претседателот Џо Бајден вети дека ќе „реагира брзо“ за обезбедување помош за Американците погодени од пандемијата, пренесува МИА.
На средбата присуствуваше и потпретседателката Камала Харис.
Бајден укажа дека е подготвен да оди без републиканците ако тие се против пакетот од 1.9 милијарда долари, уште наречен и „план за спас на Америка“.
-Сметам дека американскиот народ сега бара од својата влада помош, да ја завршиме нашата работа и да не ги предадеме, изјави тој.
Истакна дека ќе се „реагира брзо. Сакам да го направам тоа со републиканците. Се сретнав со нив и меѓу нив има навистина фини луѓе кои сакаат работите да бидат завршени, но едноставно немаат воља да одат толку далеку колку што ја сметам дека треба да одиме“.
Бајден истакна дека сака двопартиски договор, но дека ако има потреба, демократите ќе работат сами.
Претходно, пред да замине од Белата куќа спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека пакетот помош на ќе биде „апсолутно“ завршен до 15 март 20201 година.