ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневно ќе се вакцинираат 2.500 луѓе кои ќе добијат сертификат

February 6, 2021 12:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Владата на вчерашната седница одлучила да набави 200.000 кинески вакцини, а договорот треба да се потпише во понеделник. Направен е делатен план за транспорт , дистрибуција до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација.

– Вакцинираните ќе добијат сертификат по примерот на искуството на други земји кои почнаа со вакцинацијата – рече Филипче.

Појасни дека прво ќе се вакцинираат оние кои работат во ковид-центир, во болниците, приватни болници, домови за стари лица, матични лекари, лаборатории, јавни и приватни, вакциналните пунктови.

– Здравствените работници од Клинички центар ќе се вакцинираат на еден пункт, останатите од Скопје, ќе се вакцинираат во поликлиниката „Букурешт“. Здравствените работници од другите градови ќе се вакцинираат во здравствените домови во нивниот град – рече Филипче на денешната прес-конференција.

Втората приоритетна група се луѓето над 70 години, а во втората фаза ќе се вакцинираат луѓето над 65 години, потоа помлади луѓе со коморбидитети, вработени во центри за јавно здравје, аптеки, витални институции, новинари, образовни институции и градинки.

Во третата фаза ќе се вакцинираат сите кои работат во земјоделие, останатите вработени во образование, комунална хигиена и други категории.

Регистрацијата ќе се врши преку „Мој термин“, кој ги анализира по однос на возраст и хронични болни. Се известуваат сите матични лекари за пациентите кои се кај нив. Тие ќе ги исконтактираат граѓаните, да ја утврдат волјата за вакцинирање и да се определи пунктот за вакцинација. Кога ќе се отворат термините списокот се враќа кај матичниот лекар, и тој по вторпат ги контактира пацинетите да им соопшти термин.

 

извор слободенпечат.мк

 

Next Post

Николовски: Парламентарното мнозинство е стабилно

НАЈНОВО

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk