ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ден на жалост во Албанија: 25 загинати и над 650 повредени во земјотресот

Спасувачките служби трагаат по преживени под урнатините, а според албанските медиуми досега се извлечени 45 лица

November 27, 2019 10:12
in РЕГИОН, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Во Албанија денеска е Ден на жалост за жртвите по серијата земјотреси во кои, според досегашните податоци, загинаа најмалку 25 луѓе, а над 650 се повредени.

Спасувачките служби трагаат по преживени под урнатините, а според албанските медиуми досега се извлечени 45 лица. Спасувачките напори се одвиваат и покрај постојаното тресење на тлото, а само вчера околу 19 часот се регистрирани два посилни потреси со интензитет од 4,7 степени по Рихтер.
Поради страв од нови земјотреси, многу жители на местата погодени од разорните земјотреси, ноќта ја минаа во шатори.
Најголеми последици од земјотресот со јачина од 6,4 степени е во местото Тумане, 30 километри северно од Тирана, и во Драч.
Во Тумане се уште нема струја, а на Градскиот стадион се поставени шатори во кои се сместени семејствата кои останаа без домови. Другите се во своите домови или кај роднини и пријатели додека во земјата стигнува помош од цел свет.
Албанскиот премиер Еди Рама свика вонредна седница на владата и според негова оценка, државата и сите институции презеле се што е во нивна моќ да се санираат последиците од земјотресот.
Претседателот Илир Мета го откажа традиционалниот прием по повод Денот на независноста закажан за утре.
Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Хрватска, Црна Гора, БиХ и Италија. Утрово, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, Крит во Грција е погоден од земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 56 километри. Земјотрес e почувствуван во Скопје и околината утринава во 8.23 часот.
Next Post

Општина Кичево одвои 12.000 евра за настраданите од земјотресот во Албанија

Shortcut

Најново

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk